Рекордно ниво на ПМ10 честички измерени кај Ректорат

Мерните станици за квалитетот на воздухот вечерва повторно алармираат за енормна загаденост на воздухот.Во Скопје загаденоста повторно руши рекорди. Мерната станица кај Ректорат спроти Мавровка измери присуство на ПМ10 честички од 533 mg/m3, што е 10 пати над дозволеното, во Лисиче нивото на ПМ10 е 458 mg/m3 , додека во Гази Баба измерени е присуство на ПМ10 честички од 287 mg/m3 .

Скопје оваа зима руши рекорди, градот се наоѓаше на светските мерни страници на загаденоста на воздухот.

Скопје неколку пати беше најзагаден град во светот, пред најзагадените градови како Калкута, Шангај, Бомбај, Њу Делхи, Лахоре и Дака.
Скопје е единствениот град помеѓу овие градови кој е под милион жители, сите останати кај се мери високо ниво на загаденост се неколку милионски градови, најчесто над 10 милиони.
Додека градот се гуши, градоначалникот Петре Шилегов нема решение за проблемот, ниту пак нешто презема за негово изнаоѓање.
Пред локалните избори Шилегов ветуваше експресно решавање на проблемот со загаденоста на воздухот. Повеќе од три месеци загаденоста е на исто, удри и поголем ниво, а локалната самоуправа, но и владата немаат решение за овој проблем.
Наместо инвестиции за подобрување на квалитетот на воздухот, градската власт реши да ја зголеми цената на водата.
Градската администрација наместо изнаоѓање предлози и решенија за подобрување на квалитетот на воздухот се ангажира за пресметки и изготвување на материјали за зголемување на цената на водата,, што од февруари оваа година ќе удри по џебот на скопјани.
 
 
 Во Скопје загаденоста повторно руши рекорди. Мерната станица кај Ректорат спроти Мавровка измери присуство на ПМ10 честички од 533 mg/m3, што

Пронајдете не на следниве мрежи: