Фудбалскиот сојуз на Хрватска ги започна подготовките за квалификацискиот меч со Србија, кој ќе се одигра на 22.март во Загреб.Според информациите за обезбедување на натпреварот ќе се грижат рекорден број на луѓе, кога станува збор за еден спортски натпревар.„Ќе бидат ангажирани рекорден број на луѓе, најголем број во историјата. Фрапантен број на луѓе ќе го обезбедуваат натпреварот“, изјавил за „Јутарњи лист“, Зоран Цврк, шефот за безбедност при Фудбалскиот сојуз на Хрватска.Цврк не сакал да зборува за бројката, колку луѓе ќе бидат ангажирани, само информира дека следната недела на прес конференција ќе бидат соопштени сите детали околу организацијата на натпреварот.„Факт е дека веќе два месеца работиме на организацијата на овој меч. Сепак последниот збор ќе го има Министерството за внатрешни работи и загрепската полиција“, рекол Цврк.Безбедноста ќе биде на највисоко можно ниво, не само на стадионот, туку и во целиот град, а според Цврк, ќе бидат поставени неколку пунктови, на кои ќе се врши контрола на влезниците, оние кои немаат влезници нема да можат да се доближат до стадионот.Натпреварот помеѓу Хрватска и Србија ќе се одигра во петок, на 22.март, на стадионот „Максимир“ со почеток во 18 часот.
МакфаксФудбалскиот сојуз на Хрватска ги започна подготовките за квалификацискиот меч со Србија, кој ќе се одигра на 22.март во Загреб.