Во посета на Бигорскиот манастир на празникот на Свети Кирил и Методиј беше ректорот на Санктпетербуршката духовна академија и семинарија, Архиепископот Петерхофски, г. Амвросиј. По повод денот на македонските и сесловенски просветители во манастирот се одржа ноќно бдеење и света литургија.– Ноќното бдение и Света Литургија беа смирен одраз на нашата бескрајна благодарност кон Светите Првоучители и духовни Родоначалници, информираат од Бигорското братство од каде додаваат дека овој пат празничкното ликување било збогатено и со посетата на Неговото Високопреосвештенство, Архиепископот Петерхофски, г. Амвросиј, ректор на Санкт-петербуршката духовна академија и семинарија.
Неговата посета била на иницијатива на ректорот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, а братството и присутните верници со голема љубов го дочекаа ценетиот гостин од православна Русија.
– Вашата посета на Свештената Бигорска обител ја сметаме како јасен израз на големата Божја милост кон нас, милост според која, на овој ден на православно сесловенско торжество, се удостоивме со архиерејско присуство, преку Вашата богопоросветлена личност, дотолку повеќе што ни доаѓате од православната, братска Русија. Особена чест и радост ни е што благоволивте да дојдете кај нас денес, на споменот на Светите Рамноапостолни Браќа Кирил и Методиј, на тие молитвени застапници за родот словенски и огнени столбови што горат крај Престолот Божји за целото човештво, рече Анхимандрит Партениј.
Од своја страна Архиепископот Амвросиј се заблагодари на срдечнот прием и го честиташе празникот.
– Дојдов во Македонија за да ја продлабочиме соработката со Универзитетот во Скопје, на покана од господинот Ректор, со кого веќе, на големо задоволство, не нѐ поврзуваат само деловните контакти, туку и дружбата. Постигнавме договор и верувам дека тој ќе го доживее и своето продолжение, посебно ако се земе во предвид дека во последните години на Санкт-Петербуршката духовна академија студираа шест студенти од Македонија, рече, меѓу другото, Архиепископот Амвросиј.
Според него, Руската црква вложила и вложува многу усилби за да се обноват преговорите помеѓу Српската Црква и Православната Црква во Македонија и оти посакуваат преговорите да влезат во активна фаза и да вродат со добри плодови.
Архиепископот Амвросиј беше и во посета на манастриот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица.– Ноќното бдение и Света Литургија беа смирен одраз на нашата бескрајна благодарност кон Светите Првоучители и духовни Родоначалници, информи