Религијата бон настанала во период кога на Земјата, како што пишува првата книга на „Махабхарата“ – „Адипарва“, живееле легендарните Наги – полубогови со змиско тело и неколку човечки глави.За Нагите се раскажува и во древните кинески трактати, како и во единствениот зачуван Бонски ракопис, датиран од VI век (во средината на минатиот век тој беше преведен на германски јазик), а исто така и во бројни легенди на народите кои живеат во западниот дел на Тибет.
Луѓето коишто се наоѓале под власта на Нагите, посакале да се ослободат од нивното владеење. И тоа се случило – човекот добил независност пред 18.000 години, кога од небото кон подножјето на планината Меру се стрчал Учителот – Тонпа Шенраб (Tonpa Shenrab).
Тој ги научил локалните народи да се поклонуваат на Белиот бог на небото, на Црната божица на земјата, на Црвениот тигар и на Бесниот змеј, а исто така им ја открил тајната како да управуваат со моќните Наги, бројните духови и силите на природата. Првиот симбол на религијата бон станала свастиката, спротивна насока од стрелките на часовникот, која што е олицетворение на вечната борба на човекот со стихијата и световите.
Кон времето на доаѓањето на „жолтата вера“ во Азија – будизмот, религијата бон имала широка дистрибуција во Индија, Персија, јужен Сибир, централна Азија и Кина. Но, потребата од создавање на централизирани монархични држави довела дотаму што азиските владетели почнале да го наметнуваат будизмот.
Во VII в. п.н.е. за време на владеењето на тибетанскиот император Дригум Ценпо (Drigum Tsenpo) биле затворени многу верници од Бонските манастири и уништени многу од ракописите на „еретичката“ религија, а нејзините духовни водачи – протерани од Тибет. Дури до XI в. од новата ера, проповедањето на религијата бон се забранува под закана од смртна казна. Но, тоа древно учење успеало да преживее и во 1017 година и по откривањето на чуваните со векови езотерични текстови, религијата бон повторно му се претстави на светот во обновен и систематизиран вид. Се смета дека заслугата за оживување на „верата на предците“ е на Шенчен Лугано.
Тајните текстови на бон, откриваат дека учењето се нарекува „Бон – врвовите на Универзумот“ и потекнува од длабочините на човековата историја, чии никулци датираат пред повеќе од 50.000 години.
Кога на Земјата се појавил Учителот, односно зрачењето на Врховниот свет, учењето почнало да се нарекува „Бон свастика“. Вистинските следбеници на религијата бон сметаат дека светот се состои од три сфери-универзуми:
бела – небесната област на боговите, црвена – земјината област на луѓето, и сина – долната област на водените духови.
Во овие области расте мистично дрво, преку кое жителите на различните светови комуницираат едни со други. Небесниот и долниот свет се исполнети со бројни моќни суштества коишто имаат постојано влијание врз светот на луѓето.
Во 50-тите години на дваесеттиот век, во една од масонските ложи на Западна Европа е откриен филм од 1938 година, на која германски кино-оператор го документирал светото место на Тибет – Јарлинг, на кое биле изведени магични ритуали на бонски лами, кои повикуваат зли духови.
Според експертите, филмот не претставувал монтажа. Овој филм, до одреден степен ја кренал завесата на сложениот и криптичен свет на оваа религија.
Современите истражувачи сметаат дека шаманските практики на домородните народи на Сибир, Камчатка, Северна и Јужна Америка се наоѓаат водат потекло од древната религија бон.
Патници, коишто престојувале во Тибет во дваесеттиот век, тврдат дека следбениците на религијата бон, како и пред многу милениуми, градат на одредени места камени столбови со посебна форма, палат свети огнови и вршат волшебни танцувања врз телата на починатите блиски, како и изговараат магии на древен јазик.
Точната смисла на овие магии им е позната само на посветените лами, кои во тивките монашки ќелии ја продолжуваат многувековната магиска практика на религијата бон.За Нагите се раскажува и во древните кинески трактати, како и во единствениот зачуван Бонски ракопис, датиран од VI век (во средината на минатиот в



