Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК смета дека одредени одговорни лица од МТСП, со целосни невистини го покриваат евидентното кршење на одредби од Уставот и законите на Република Македонија, во случајов во делот на слободата на синдикално организирање и делување. Тврдат дека во Централниот регистар до денеска не е доставена документацијата за упис на новите раководства на синдикални организации, иако од МТСП вчера информираа дека тоа било направено на почетокот на март.Документацијата што СОНК ја поседува, велат оттаму, како и безброј остварени директни или телефонски разговори со најодговорните во Кабинетот на Министерот за труд и социјална политика, многу јасно укажуваат и се несоборлив доказ дека, како што посочуваат МТСП, како ресорно министерство најзадолжено за спроведување на законите од делот на работните односи направило невиден преседан, рамен на скандал.
– Се што беше изнесено на прес-конференцијата на СОНК е цврсто поткрепено со пишуван коресподентен материјал помеѓу СОНК и МТСП, со заведени и заверени документи од овластени лица на двата субјекти. И со денешниот ден, според официјални информации од Централниот Регистар на РМ, последните неколку месеци до нив нема доставено ниту едно барање за промена на овластен претставник во синдикална организиација или формирање на нова синдикална организација на СОНК, од страна на МТСП, се вели во реакцијата на СОНК на вчерашниот демант на МТСП во врска со овој случај.
СОНК, се вели во реакцијата, повеќе од деценија и половина непоколебливо опстојува на линијата на максимално коректен и конструктивен социјален партнер, согласно Уставот и законите на Република Македонија, и никогаш нема да го напушти тој докажан курс.
– Притоа, сакаме да укажеме дека ништо нема да не поколеба во оваа единствено исправна политика на социјално партнерство и дијалог и дека сите обиди да бидеме ставани во било какви сфери на влијание, преку притисоци или други начини познати за тие што се обидуваат надвор од законот да дојдат до незалужени позиции, СОНК енергично и без размислување гарантира дека таквите сили ќе бидат поразени, се вели во реакцијата на СОНК.
Документацијата што СОНК ја поседува, велат оттаму, како и безброј остварени директни или телефонски разговори со најодговорните во Кабинетот на Ми