Ременски намерно криела документи: Управниот инспекторат утврди многу недостатоци

Државниот управен инспекторат при извршен инспекциски надзор во Министерството и труд и социјална политика и остварена средба со техничката министерка, Фросина Ташевска Ременски константирал дека во министерството се кријат документи од архивата и дополнителниот заменик министер, со што директно му се оневозможува на дополнителниот заменик министер да учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Закон за организација и работа на државните органи и Законот за Влада. Да биде скандалот поголем, техничката министерка не почитувала свои наредби и за тоа била прекорена, објави Денешен.Минатата недела порталот ги објави сознанијата до кои дојдовме, од внатрешни извори во МТСП, дека е поднесена анонимна претставка до дополнителниот заменик министер известувајќи го дека од потпишаните документи од страна на техничкатата министерка не се доставува архивски примерок.
На тој начин техничката министерка и нејзиниот кабинет сакале сите контроверзни одлуки кадрови разрешувања, именувања, разместувања кои немаат никаква врска со изборите и со кои се крши Законот за Влада да ги држат во најголема тајност.
Дополнителниот заменик министер, според документите кои беа објавени, експресно реагирал при што побарал да се изврши надзор од страна на Државниот управен инспекторат и Инспекцискиот совет во работата на архивата на министерството.
Имајќи ја во предвид сериозноста на наводите за кршење на Уредбата за канцелариско и архивско работење се прекршува и Законот за архивски материјал, инспектор остварил инспекциски надзор во министерството и остварил средба со техничкиот министер и нејзини соработници при што Фросина Ременски признала дека дел од документите не се доставуваат во писарницата на Министерството.
 
Според наводите од записникот од извршениот инспекциски надзор, Фросина Ременски презентирала Наредба од 6.9.2016 со која на вработените во министерството им наложила копија од архивскиот примерок на излезната пошта на МТСП на дневна основа до 16:30 да се доставува до допололнителниот заменик министерот.
Иронично техничката министерка, Ременски не ја испочитувала сопствената наредба при што добила укажување од управниот инспектор дека треба да овозможи непречено спроведување на наредбата.

Техничката министерка е задолжена со Решение од Управниот инспекторат да ги превземе сите мерки и дејствија за отстранување на сите недостатоци при што ако не постапи согласно Закон за управна инспекција ќе направи директен прекршок.

Кабинетот на Ременски веднаш после објавувањто на нашот прилог испрати реакција на текстот објавен на нашиот портал во кој потенцираше дека: “ги преземаме сите мерки на заштита на архивската и службената документација на министерството, личните податоци на вработените и на граѓаните да бидат користени и злоупотребувани за цели кои не се во интерес на граѓаните, штетат на угледот на министерството и не се во функција на целите и обврските од Законот за Владата на РМ”
Со ова се потврдува дека техничката министерка ја манипулира јавноста и не ја говори вистината во реакцијата и дека фактички повикувајќи се на интересите на граѓаните всушност го попречува правото на дополнителниот заменик министер да има пристап до сите акти, документи и информации кои му се на располагање на министерот. Исто така му оневозможува на дополнителниот заменик министер да учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Закон за организација и работа на државните органи.
Во двасетте дена мандат на техничката министерка ова министерство секојдневно е потресувано од незаконско работење и хаотичност од техничката министерка која треба избори да спроведе.Минатата недела порталот ги објави сознанијата до кои дојдовме, од внатрешни извори во МТСП, дека е поднесена анонимна претставка до дополнителниот

Пронајдете не на следниве мрежи: