Техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски од СДСМ, продолжува со скандалозно однесување, со говорење на невистини и со разрешување на кадар од министерството.Ременски или заборавила кого се има избркано од работа само поради лични согласувања или свесно сака да ја изманипулира македонската јавност.
По низата скандали во МТСП, Курир побара одговор од министерката за отстранување од министерството на претседател на синдикална организација на САДУ, Синдикатот на администрацијата и државна управа на Република Македонија. Но, техничката министерка од СДСМ наместо да одговори одлучи да манипулира.
-За ова, јас од вас слушам дека сум отстранила синдикален претставник. Напротив, ако го знаете името и презимето кажете. Јас не сум запознаена со таква работа, а најмалку имало некакво отстранување на синдикален претставник во министерството, рече Ременски.
Името кое министерката го бара е Елеонора Јовановиќ, но она што е спорно е фактот што таа денес буквално изглуми дека не е запознаена со случајот и дека не знае за кого станува збор. Функционерката на СДСМ своерачно го има потпишано решението со кое претседателката на синдикална организација на САДУ ја прераспределува на функција, а секако на решението го има и нејзиното име и презиме.
Дури и да не го запомнила името, спорно е министерката да не знае кој е претседател на синдикат во МТСП.
Наместо објаснување, Ременски избегна одговорност за постапките и наместо директно да одговори, додаде:
-Она што го правиме во изминативе денови а го покажавме и во претходниот мандат, е одблокирање на многу закочени процеси на регистрација на Гранкови организации, синдикални организации чии што барања биле во фиоките на МТСП и од неразбирливи причини не биле процесуирани до Централниот регистер како што тоа личело за министерството што се грижи за работничките права и го поттикнува и поддржува синдикалното организирање, истакна таа во одговор на новинарско прашање.
Во недостиг на одговор од страна на Ременски, потсетуваме дека пред 20 дена САДУ реагираше на нејзината одлука да прекинува годишни одмори на вработени. Ова очигледно не и се допадна, па нивниот претставник е префрлен во друга организација и отстранет од министерството. Повторуваме, не е можно техничката министерка со ова да не била запознаена бидејќи лично ја има донесено и потпишано одлуката.
Разрешувањето на висок претставник на синдикална организација е голем удар врз синдикалното организирање во земјава, а за скандалот да биде уште поголем, таквиот удар го задава првиот човек на МТСП.Ременски или заборавила кого се има избркано од работа само поради лични согласувања или свесно сака да ја изманипулира македонската јавност.