Фросина Ташевска Ременски од СДСМ ќе остане запаметена како технички министер за труд и социјална политика со најмалку чувство за лицата со попреченост.За првпат еден министер од овој ресор влезе во конфликт со Националниот сојуз на слепи лица при што им се закануваше со кривични пријави и судски постапки.
Поради немарност и ангажман во кадрови преместувања во министерството и јавните установи, Ременски ги запостави проектите започнати во периодот пред да биде министер наменети за овие луѓе.
Дневниот центар за деца со попреченост во Неготино и дневниот центар за возрасни лица со тешка и најтешка телесна попреченост во Скопје како огромна потреба и долгодишно барање нема да бидат отворени на време поради закочување на процедурите и нивно развлекување. Иако овие два дневни центри се од големо значење за оспособување на овие луѓе во секојдневниот живот Во Акцискиот план за отворање на дневни центри во Република Македонија усвоен од Владата постојат точно утврдени рокови.
Техничката министерка прекинува една долгогодишна пракса на успешни резултати во делот на проектите лицата со попреченост.
Обидот да се дојде до одговори од ова министерство е секогаш безуспешен. Ташевска Ременски се служи само со обвинувања кон медиумите кои критички известуваат за нејзината работа.
Извадок од Акцискиот план за отворање на дневни центри во Република Македонија усвоен од Владата на РМ
За првпат еден министер од овој ресор влезе во конфликт со Националниот сојуз на слепи лица при што им се закануваше со кривични пријави и судски п