Според внатрешни извори бидејќи недостасуваат над 30 службени документи во архивата на МТСП, вистинска паника завладеало во министерството за труд и социјална политика после вчерашната објава на порталот Денешен дека техничката министерка и нејзиниот кабинет кријат документи со цел да не бидат достапни до дополнителниот заменик министер.Панични реакции од Фросина Ременски и нејзините соработници после вчерашната објава на порталот за кршењето на неколку закони со неоставањето на архивски примерок од сите документи кои ги потпишува.
Според нашите информации, само во изминатите два дена во архивата на МТСП недостасуваат над 30 службени документи, за кои техничката министерка Ременски има законска обврска согласно член 49 од Законот за Влада на република Македонија да ги доставува на располагање и на дополнителниот заменик министер. Ваквиот начин на постапување од страна на техничката министерка Ременски исто така претставува и прекршување на Законот за архивски материјал и Уредбата за канцелариско и архивско работење како и член 267 од Кривичниот Законик на Република Македонија каде за уништување или прикривање на архивски материјал предвидена е парична казна или казна затвор од една до три години.
Останува нејасно зошто техничката министерка Ременски наместо да се погриижи за нормално функционирање на министерството прикрива над 30 службени документи од кој голем дел се решенија за разрешување на комисии кои немаат апсолутна никаква врска со предвремените избори кои следат како и голем број на решенија за одземање на овлатувања за извршување на тековни работи во министерството од страна на државните службеници.
Кабинетот на Ременски вчера испрати демант дека ги преземаат сите “мерки на заштита на архивската и службената документација на министерството, личните податоци на вработените и на граѓаните да бидат користени и злоупотребувани за цели кои не се во интерес на граѓаните, штетат на угледот на министерството и не се во функција на целите и обврските од Законот за Владата на РМ.”
Очигледно дека ова се мерките на кои мислеше Фросина Ременски, притисок и закани до вработените за да се извлече од законска одговорност.
Исто така како што и до сега информираа медиумите, продолжуваат разрешувањата во комисиите при министерството надвор од овластувањата на техничката министерка за спроведување на избори. Вчера телефонски без писмено решение им било соопштено на членовите на Комисијата за посвојување дека се разрешуваат и истите се заменуваат со соработници на Фросина Ременски. Исто така настаната е промена на техничкото лице кое ги води административните работи на Комисијата
Тоа е случај и со Проектниот тим за следење на имплементација на Проектот за правна помош на ромската заедница која е во најголем дел е пополнета со блиски лица на техничката министерка.
Со овие еднострани разрешувања Ременски воведува лична диктатура во министерство и се одмаздува на сите кои не доаѓат оид нејзиното опкружување и партија. Законот за Влада секојдневно се крши и се загрозува нормалната работа во министерството а документите се кријат веројатно за навремено да не се дознава за каровските промени и линчот кои секојдневно се реализира.Панични реакции од Фросина Ременски и нејзините соработници после вчерашната обја
Пронајдете не на следниве мрежи: