Ременски прво ги остави без работа, а сега ги условува!

Ромите кои по осум месеци работа во бегалскиот камп „Винојуг“ во Гевгелија биле отпуштени, денеска протестираа пред Министерството за труд и социјална политика.– Дојдовме овде да го изразиме нашето незадоволство од министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски која без причина ги остави овие 44 лица без работа, рече Ѓорѓи Пакетов еден од отпуштените работници.
Техничката министерка ги повика на средба која траеше околу 2 часа. Но, наместо да најде решение, таа само го продолжи своето скандалозно работење. Откако ги избрка од работа овие лица, Ременски денес почнала да им поставува свои услови кои за нив се неприфатливи, но таа не попуштила.
-Разговаравме со министерката денес, бевме условувани. Таа бараше од нас 20 да бидат од нивна страна, а 20 од ромска припадност. Ние ништо не склучивме договор со неа, ние одиме со став- или сите или никој. Бараме сите да бидеме вратени на работа, како што си бевме, вели тој по средбата со Ременски.
Министерката од редовите на СДСМ воопшто не го сослушала проблемот ниту пак се обидела да најде решение, напротив, таа ги условувала лицата кои ги остави без егзистенција за да си вработи партиски кадри.
-Таа си стоеше цврсто, условот беше тој. Велеше пола од нас, пола од Ромска припадност. Ние не го прифаќаме тоа, бараме сите 44 души да се вратат на работа. Разговаравме, а конкретно не се договоривме ништо. Не знам зошто министерката не условуваше нас, заклучи Пакетов.– Дојдовме овде да го изразиме нашето незадоволство од министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски која без причина г

Пронајдете не на следниве мрежи: