Хаос во труд и социјала и најнова повреда на законските надлежности направи техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска Ременски со одлуката незаконски да разреши директори на Центрите за социјална работи.После партизацијата на министерство со носење на партиски кадри од највисоко ниво во СДСМ, кочење и блокирање на проектите кои се веќе започнати и во интерес на граѓаните, опструкции во спроведувањето на мерките за вработување на најранливите категории на граѓани, Ременски денес конечно го достигна врвот на своето незаконско работење и спроведување хаос во ресорот кој води.
Таа ги разреши директорите на Центар за социјални работи Скопје, Прилеп, Радовиш, Струмица, Берово, Ресен, Крушево, Гостивар, директорката на Дом за доенчиња Битола и директорката на специјалниот завод Демир Капија, односно вкупно 10 директори.
Ова е спротивно на Законот за влада донесен после политичкиот договор , според кој техничкиот министер заедно и рамноправно со дополнителниот заменик министер ги потпишува сите акти кои се однесуваат на правните, финансиските и кадровските прашања поврзани со организацијата на изборите. Ако актот не е одобрен, односно потпишан само од едното лице се смета дека истиот не произведува правно дејство.
Според нашите информации дополнителниот заменик министер воопшто не бил консултиран за овие кадровски промени и не дал согласност на истите при што ваквото постапување на Ременски е директно кршење на законот за Владата на Република Македонија.
Денеска Директорите на 10-те Центри за социјална работа и јавни установи добиле решенија за разрешување од апсурдни и нејасни причини односно земајќи го како основ непотпишувањето на менаџерски договориповикувајќи се на одредбите од Закон за социјална заштита.
Претходно директорите на Центрите за социјална работа во неколку наврати укажале на недостатоците во менаџерските договори кои им, што очигледно не и одело во прилог на техничката министерка која поради реваншизам сакала да спроведе незаконски чистки по Центрите за социјална работа.
Писмените барања за дополнување и корекции на менаџерските договорите како и барањата да назначи лице од нејзинот кабинет со кое ќе ја усогласат содржината на договорот која треба да ја потпишат, Ременски ги игнорирала.
Законот за социјална заштита пропишува дека може да биде потпишан менаџерски договор меѓу министерот и директорот но не мора, односно не е задолжително. Посебно што во членот 106 од Закон за социјална заштита кој пропишува во кои случаеви може да биде разрешен директор, не е наведено дека непотпишување на менаџерски договор може да биде причина за разрешување на Центар за социјални работи.
Оттука, спротивно на Закон по сопствена волја, техничката министерка потпишала решенија за отказ. Министерството за труд и социјална политика како клучен ресор во државата, подолго време се наоѓа во потполен хаос. Според добро упатени извори, во институцијата е нарушена работната атмосфера, вработените се во страв од секој нов работен ден.
Техничката министерка и нејзиниот кабинет функционираат со методи на заплашување и притисок. Овој пат законите се сериозно нарушени и пречекорени овластувањата.После партизацијата на министерство со носење на партиски кадри од највисоко ниво во СДСМ, кочење и блокирање на проектите кои се веќе започн