Македонските пејачки решија да ги следат светските трендови и од Бијонсе и Ријана научија дека голотијата НАВИСТИНА ПРОДАВА! Па по Тамара се расоблече и Рената Кралевска.
Сигурно се сеќавате кога Тамара Тодевска ги полнеше насловните страници на медиумите со креацијата што ја облече на манифестацијата „МРТ за најдобрите”.
Црниот сексапилен фустан од дизајнерката Ивана Кнез го привлече вниманието на јавноста со впечатливите отсечоци од страната на бутините, кои покренаа лавина од коментари дали македонската поп пејачка носи гаќички.
Изгледа дека ваквиот публицитет и се допадна и на младата пејачка Рената Кралевска, па сакајќи и таа да се најде во центарот на вниманието облече провокативна креација слична на онаа од Тамара.
Нејзиното здолниште многу потсетува на фустанот на Тамара, но таа отиде дури чекор понатаму и се одлучи за ултра провокативен горен дел кој потврди дека Рената навистина има тело со форма на песочен часовник.
Оваа креација од Ивана Кнез таа ја облече за снимањето на спотот за песната „Trust your feelings“. Едвај чекаме да го видиме!
Извор: Вистина
Сигурно се сеќавате кога Тамара Тодевска ги полнеше насловните страници на медиумите со креацијата што ја облече на маниф