Во тековнава сезона, на 11 натпревари, Вугринец постигна 75 погодоци (6,8 по натпревар), што воедно претставува негов најдобар скор во ЛШ, кој го смести на врвот на листата на стрелци по континуирано високиот пласман сезонаваЕдна стара народна поговорка вели „колку е постаро виното, толку е подобро“. Ова во целост се совпаѓа со играта, борбеноста и ефикасноста на теренот на Словенецот со македонски пасош, бомбардерот на Металург, Ренато Вугринец, кој со своите 195 сантиметри, 101 килограм и 39 години, ја игра својата најдобра сезона во кариерата, а и во ЛШ.
Во тековнава сезона, на 11 натпревари, Вугринец постигна 75 погодоци (6,8 по натпревар), што воедно претставува негов најдобар скор во ЛШ, кој го смести на врвот на листата на стрелци по континуирано високиот пласман сезонава. Минатата сезона во дресот на Металург, топчијата Вуги на 14 натпревари постигна 70 погодоци, а претходно најдобрата сезона ја имаше во Цеље (сезона 2003/2004), кога на 10 натпревари постигна 58 гола.
Вугринец на натпреварот со Колдинг 13 пати ја затресе мрежата на Данците, што е уште еден негов личен рекорд на постигнати голови по натпревар. Претходно негов најдобар скор беа 11-те гола против С. Петербург минатата сезона, кога Металург го прегази рускиот шампион со 32-19. Сезонава Вугринец со девет гола ги поздрави француските ѕвезди на ПСЖ, осум постигна против ривалот Вардар, а седум гола во реваншот со Тун.
Во изминатите сезони од редовите на Металург најдобар стрелец во ЛШ беше Наумче Мојсовски, со 77 погодоци во сезона 2012/13 и со 72 гола во сезоната 2011/12.
Извор: Нова МакедонијаЕдна стара народна поговорка вели „колку е постаро виното, толку е подобро“. Ова во целост се совпаѓа со играта, борбеноста и ефикаснос
Пронајдете не на следниве мрежи: