Реновирани Телеком продавниците во Кочани и Битола

Продавниците нудат интерактивен продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците.Македонски Телеком денеска ја пушти во употреба реновираната продавница во Битола, којашто нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен амбиент за корисниците. Со реновирањето, Телеком продавницата во Битола доби сосем нов современ дизајн, а при уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух преку прикажување на историски моменти, објекти, личности или современи мотиви карактеристични за поднебјето, односно градот.
Освен во Битола, Македонски Телеком вчера ја отвори и реновираната продавница во Кочани. Реновираните Телеком продавници во Битола и Кочани овозможуваат одличен преглед на понудата и нудат нов продажен концепт со мултимедијално искуство за корисниците, коишто преку интерактивно истражување и забава ќе можат да се запознаат со комуникациските услуги и решенија на компанијата. 
Накоро, Македонски Телеком ќе го заокружи процесот на реновирање на продавниците ширум државата којшто започна кон средината на летото. Досега реновирани се вкупно 14 продавници и со преуредувањето, освен што естетски се обезбедува нов изглед, интерактивниот концепт на Телеком продажните салони дополнително овозможуваат единствено корисничко искуство.Македонски Телеком денеска ја пушти во употреба реновираната продавница во Битола, којашто нуди атрактивен, модерен и пред сè пријатен

Пронајдете не на следниве мрежи: