Репортажа од која смрзнува крвта: Руски новинар влезе во терористички дувла на Шар Планина, Косово и Скопје!

На Косово, каде што одат мигрантите потиснати од Европската унија, врие котел во кој се наоѓаат и оние кои не сакаат, но и оние кои ги врбуваат луѓето во варварскиот „калифат“, нарко дилери, специјални служби на разни земји и којзнае уште што, се наведува во репортажата на рускиот новинар Антон Љадов прикажана на ТВ каналот „Русија“.Маршутата која поголемиот број од мигрантите ја поминуваат до Косово е доста тешка и води низ планини. Сепак, на Косово нема никакви огради, поради што за нив ова е наједноставниот и најреалниот начин да се вовлечат во Европа.
Неизвесен пат низ планините
Бидејќи во планините е доста ладно и веќе има снег, движењето е исклучително тешко. Бегалците застануваат одвреме навреме да се одморат, отварајќи шатори. Тие дури не ни сфаќаат дека не само што има мечки, туку и целата оваа територија е под контрола на албански борци – вахабисти. Тука не шетаат ниту локалнте жители.
Кажано им е да не одат над 500 метри висина бидејќи оттаму почуваат камповите за обука на екстремистите. Терористичките организации на Шар Планина постојат уште од косовската војна во 1999 година и 2001 во Македонија.
Цветко Стојчетовиќ, локален земјоделец, раскажува дека бегалците во последно време ги има се повеќе. Тие се спуштаат од планината знаејќи дека во кампот ќе им дадат сѐ што им треба. До миграциониот центар има 60 километри. Понатаму има контрола и бодликава жица. Бегалците не ги пуштаат новинарите. Забрането е снимање со камера и фото-апарат, дури и со диктафон.
„Одам во Англија преку Косово поради тоа што ова е слаба држава, речиси без контрола. Зарем овде би нѐ фатиле сите нас, да го дознаат моето вистинско име? Јас на пример поминав три месеци во Саудиска Арабија. Таму многумина се обвинети за поврзаност со терористи. Во миграциониот центар не знаат дека бев во затвор. Но, сепак ме пуштаат во Европа. При крај сум со пари. А вакви како мене има во последните девет месеци повеќе стотина. Ниту нормална храна, ниту пари. Секако, луѓето се во очај. Што преостанува?Нѐ пуштаат од седум изутрина до десет навечер и многумина излегуваат и бараат друг живот. Овде има организации кои ветуваат добар живот, но ги приморуваат да работат страшни работи. Ако стапиш во нивните редови, добиваш сѐ. Такви места има многу“, раскажува Заки, еден од бегалците.
Балканска престолнина на џихадизмот
Градот Витина. Два километри од границата. Областа ја нарекуаат претстолнина на џихадизмот на Балканот. Тука се наоѓа џамија во која доаѓаат голем дел од бегалците. Оваа област потполно ја контролираат албанските групации. Џамијата се прослави со тоа што пред неколку години во неа беа поставени фотографии на Осама Бин Ладен.
„Во последно време овде има многу млади кои дошле од Алжир, Мароко. Тие прво живеат во миграционите центри, а потоа доаѓаат кај нас. Многумина ги примаат во своите станови, куќи“, вели имамот на џамијата.
Вакви џамии на бегалската рута од Грција преку Македонија кон северот на Европа е невозможно да се пребројат. Радикалниот исламизам на Балканот напредува со геометриска прогресија.
Скопје. Претстолнината на Македонија. На една од зградите има знаме, симбол на терористичката организација Ал Нусра, огранок на Ал Каеда во Сирија и Ирак. На нивен грб се илјадиници невини жртви.
Организацијата постојано добива свежа крв, формирана и добро организирана мрежа која ја поврзува Македонија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина, опремена за спроведување на терористички напади.
Во областа во која се врбуваат младите, силите на КФОР ретко се наоѓаат. И тоа, без оглед на огромната воена инфраструктура која ја имаат на Косово, нагласува Милован Дрецун, шеф на делегацијата на парламентот на Србија во комисијата за колективна безбедност и соработка.
Лидерот на терористите во Бондстил
Американската база Бондстил. Најголемата база на Балканот. За да ја обиколите, макар првиот полигон, потребно е да препешачите километри, но судејќи по навигаторот, тука има цел град. Касарна за 7.000 луѓе, стрелишта, платформи за хеликоптери. Ова место е познато по тоа што токму тука работел човекот кој се презива Мухаџери. Овој човек во Сирија го предводи албанскиот огранок на ИСИС.
Новинарите неколкупати го прогласуваа за загинат, но според податоците на телевизиската мрежа РТК на Косово, тој не само што е жив, туку периодично извезува нови борци од Косово на територијата на Ирак и Сирија.
„Борците тука прават што сакаат и тоа пред очите на НАТО. Американците дури не се обидуваат ниту да ги следат. Погледнете ја мојата рака! Излегував од служба, седнав во автомобилот и почнаа да пукаат на мене, албански џелати, само затоа што не бев во лента. Мојата глава беше на 15 сантиметри од цевката на пиштолот. Куршумите ми ги здробија коските. Ми ја избија вилицата. Ги собирав остатоците по патот и едвај се довлечкав до болница. Натовците беа во близина и се правеа дека ништо не забележале, а следниот дан пријдоа и прашаа што се случило. Како да не биле тука! “ објаснува православниот свештеник Драган.Маршутата која поголемиот број од мигрантите ја поминуваат до Косово е доста тешка и води низ планини. Сепак, на Косово нема никакви огради, поради

Пронајдете не на следниве мрежи: