Лани, ефектот на и така петардоидните „бомби“ целосно се загуби со доаѓањето на летото и на одморите, а шарената бурлескна револуција влезе во истиот период. Сосема разбирливо е што Заев и СДСМ ставија во петта брзина и наметнаа рок од само 11 дена за исполнување ред конфузни услови. Западниот чадор ги штити, но вистинските чадори за сонце ги плашат. И Брисел ги дотепа. Сакаа да му „угодат“ на „чадорот“ со радикализација на протести пред Советот на ЕУ, а тој се одложи од предвидениот 20 јуни поради британскиот Брекзит. Статива до статива,а во партијата гласно одекнува „тик-так, тик-так“, но не како најава за „бомба“…„Како ќе познаете член на врхушката на СДСМ? – По кратките нозе, се разбира! -Како по нив? –Па на лагата ѝ се кратки нозете, а СДСМ ептен ја претера, Заев веќе носи панталони од второ одделение…“
Ова е само една од многуте шеги на социјалните мрежи со кои Македонците се подбиваат со неконзистентноста, лагите и со секојдневното самодемантирање на лидерите на СДСМ и на нивните пулени од шарената револуција, за кои се тера шегата дека освен дневниците за доаѓање на протест, сега им ги платија и казните за хулиганството. Најголема забелешка на сите останува што Заев и Шеќеринска само учествуваа во „донацијата“ за своите шарени сопартијци. По логиката на нештата, требаше без проблем од сопствен џеб да платат за услугите на тие што секоја вечер, освен недела, се „борат со режимот“ и со другите ветерници, пишува Република.
Вака човекот познат по милионите од тендери и „глобалниот“ проблем и жената препознатлива по „солената“ кирија, јахтите и чантите, дадоа по три илјадарки. Денари, се разбира… Најголема навреда и самобендисано потценување на интелигенцијата на сопствениот народ, пак, останува секојдневната бурлеска во која СДСМ излегува и патетично, без срам и перде, ја поддржува сопствената квазиреволуција, макар била и шарена, претставувајќи ја како граѓанска.
Така, Заев и Шеќеринска вечерта на 6 мај, со сиот ум заминаа на протест за да ги дознаат ставовите на шарената „револуција“?! И додека сите се смееја, тие ги ислушаа, се прошетаа и утредента условија со сите нивни шарени барања, демек го слушале народот. Иако слушањето на гласот на народот би бил вистинска промена и напредок во 25-годишната егзистенција на елитистичката партија, главниот проблем во продавањето на шарената пародија беше повторно тој, лидерот, кој по обичај заборави дека демек не е заедно со шарените, па изуми и да каже – што ако не ги исполнат барањата на шарените сограѓани…
Така, гордиот лидер излезе на прес-конференција и ги соопшти своите контрадикторни барања, во кои борејќи се за „правна држава“ како услови ги наведе односот на Уставниот суд кон СЈО, судско ослободување на вандалите што кршеа и боеја и во втор ред веќе исполнети услови како избирачкиот список и учеството во влада, одамна апсолвирани прашања. Конфузноста на Заев, сепак, ја нагласи моментот што тој заборави да каже што ако не биде по негово? Загубен во преводот или поверојатно во единството на социјадемократското свето или, поверојатно, шарено тројство кое ги содржи СДСМ, СЈО и шарената револуција, тој изуми да каже со што се заканува.
Разбирливо, па пред само 12 часа заканите ги соопшти неговото алтер его од шарената револуција – кажаа дека ќе блокираат, радикализаираат и што ли не. Заев заборави дека за јавноста не се едно, туку се измислена „настрана граѓани и настрана партија“, која само ги поддржува, па не ни помисли дека е потребно да каже – што би било кога не би бил исполнет нивниот безобразен ултиматум.
Длабоко навлечен на бојкот, протести и на условувања, СДСМ и сега уцени со временски рок за исполнување на „граѓанските“ барања. Даде 11 денови за нивно решавање. Инаку, се сеќавате дека и Владата требаше да падне за три дена од објавување на „бомбите“. Фамозниот 18 јуни, пак, во себе ги крие и мотивите за ова разулавено итање на партијата. Чуму токму 18 јуни, се прашаа еднобојните граѓани, кои тие милуваат да ги наречат стока. Објаснувањето е многу логично и произлегува од два мотива што ги притискаат во дејствувањето. Прво, Советот на ЕУ, на кој чадорот дава сѐ од себе да ја протурка Македонија како безбедносно прашање, требаше да се одржи на 20 јуни, така што радикализација на 18 ќе беше полн погодок.
Така, би му „угодиле“ и на „чадорот“, кој би ја зел како одличен адут картата дека состојбата во Македонија се влошува, сѐ за да нѐ стави на дневен ред, чин што изминатите седум години од блокадата на Грција и ветото во ЕУ по првата препорака за преговори од ЕК никако не им текнуваше. Но, упс, повторно статива! Како и стотици пати досега, СДСМ, се излета со процената. Заев си кажа за датумот, а поради Британија и гласањето за Брекзит на 23 јуни, Советот на ЕУ ја одложи средбата за крај на месецот.
Не би се зачудиле сега Заев да излезе и во сопствен стил да рече дека се премислиле и дека нов датум за нелогичните услови е 29, а не 18 јуни. Сепак, поверојатно е дека датумот е поврзан со друг, поголем страв. И тој од чадори, ама вистински… Ономатопејата на тајмерот што ги отчукува последните моменти пред детонација на бомба, максимално користеното „тик-так, тик-так“ со кое спасителот од Муртино ги најавуваше своите петардоидни „бомби“, сега е ономатопеја за последните моменти на шарената „револуција“.
Се ближат летните одмори, а шарените вандали покажаа дека многу милуваат добро да одморат по напорното бојадисување. Секој викенд досега го правеа тоа, а сега по толку труд и енергија потрошена на хулиганство и вандализам им треба и подолга починка. По можност, обезбедена од дневниците на добротворите, на некоја плажа. Овој непобитен и докажан факт ја исплашил, со право, и врхушката на партијата, која ќе остане и без стотината најредовни шарени молери, а прикаската за некаква си револуција ќе остане само грд спомен за двомесечен срам на една гневна партија исполнета со омраза, која се обиде да ја бојадиса и пребои сопствената историја во обидот за враќање на власт. Залудно дневниците од 20 евра, сега доаѓа време кога ќе треба и да се потрошат парите. Уште поголема паника предизвикува можноста шарената „револуција“ да ја доживее судбината на „бомбите“ на Заев. Не случајно и двете се во наводници. Каква револуција, такви бомби, нели. Лани, ефектот на и така петардоидните „бомби“ целосно се загуби со доаѓањето на летото и на одморите, а шарената бурлеска влезе во истиот период. Не случајни се и идентичните ефекти од двете небулозни дејства – „бомбите“ место да го дигнат, го урнаа и така малиот рејтинг на Заев и СДСМ, а анкетите по стартот на шарената бурлеска го покажаа истото.
Тогаш, „бомбите“ ги испровоцира Никола Груевски со прес-конференцијата за обидот за пуч на Заев. Шарената „револуциа“, пак, ја испровоцира Ѓорѓе Иванов. И повторно, интензитетот и интересот паѓа, а летото неминовно доаѓа, најавувајќи акутна шарена менопауза. Соочена со овој страв, врхушката во паника одреди датум, кој, сосема случајно, нели, е предвесник на посериозниот почеток на летната сезона и аранжманите од 20 јуни. За Заев, Верушевски и за Чаушот најдобар чадор, можеби, е странскиот заштитник, но за шарените чеда на „револуцијата“ – нема подобар чадор од тој на плажа во Грција, Малта, Шпанија…„Како ќе познаете член на врхушката на СДСМ? – По кратките нозе, се разбира