„Република Косово“ Табла предизвика гнев во Црна Гора

Полицијата отстрани плакета со натпис „Република Косово“, поставена на територијата на Црна Гора од страна на опозицијата на Косово и објави дека ќе користи „дипломатски канали“ за решавање на прекршувањето на државната граница.Министерството за внатрешни работи, во вторникот изјави дека обвинителството на Црна Гора ќе реагира, заедно со Министерството за надворешни работи, за прекршување на државната граница, каде политичарите од Косово, поставиле албанско знаме во територијата на Црна Гора.
Во понеделникот, пратениците на Ветевендосје (самостојна партија), го поставија албанското знаме и плаката со натпис „Република Косово“, на осум километри во територијата на Црна Гора.
Групата ја предводи пратеникот Доника Кадај-Бујуп, кој беше уапсен во 2015, откако косовската опозиција испушти солзавец во парламентот, во знак на протест за договорот за границата со Црна Гора.
Партијата изјави дека таблата е поставена „на местото каде границата со Црна Гора треба да биде“.
„Ова место е вистинската гранична линија помеѓу Косово и Црна Гора, каде ние, пратениците од косовскиот парламент, ја поставивме таблата, која е осум километри одалечена од косовската полиција и два километри од Црногорската“, се вели во изјавата на партијата.
Но, црногорското Министерство за внбатрешни работи, изјавува дека тоа е прекршување на државната граница и нареди да се отстранат знамето и таблата.
„Полицајците ги презеле сите мерки во консултација со државното обвинителство, вклучувајќи го и отстранувањето на таблата и знамето. Министерството за надворешни работи, било информирано за овој настан“, се вели во изјавата.
Договорот за државната граница помеѓу Црна Гора и Косово, беше потпишан во август 2015 година во Виена, во рамките на процесот на Западен Балкан, по три години преговори со двете гранични комисии. Парламентот на Црна Гора, го ратификуваше договорот во декември минатата година, и рече дека очекува Косово да го стори истото.
Косовската опозиција го отфрли договорот за границата, тврдејќи дека земјата ќе изгуби 8.000 хектари земјиште под условите. Опозициските партии ветија дека ќе продолжат да ја „бранат територијата на Косово“.Министерството за внатрешни работи, во вторникот изјави дека обвинителството на Црна Гора ќе реагира, заедно со Министерството за надворешни работи

Пронајдете не на следниве мрежи: