„Република“: Заев со нов „План за Македонија“- реваншизам, двојазичност и целосна партизација

Ако по­бе­ди, СДСМ има нов „План за Ма­ке­до­ни­ја“. Што би по­мис­ли­ле ко­га не­кој би ви го ка­жал ова? Нај­ве­ро­јат­но де­ка де­тал­но ја исп­ла­ни­ра­ле дво­ја­зич­но­ста, ре­о­тво­ра­ње­то на Рам­ков­ни­от до­го­вор, ре­ван­шиз­мот и ил­јад­ни­ци­те сме­ни во си­те мож­ни ин­сти­ту­ции и де­ка из­веж­ба­ле нов на­чин на ви­тка­ње „кич­ма“ за про­ме­на на име­то за влез во ЕУ и во НАТО. А тоа да ти би­ла кам­па­ња­та (70 де­на пред из­бо­ри и по­раз), обе­ло­де­не­та на кон­гре­сот на СДСМ од кој нај­по­уч­на­та вест бе­ше де­ка Пав­ле Та­ја­нов и не­го­ви­от Де­мо­крат­ски со­јуз би­ле дес­ни­ца?! Ова, по­крај до­а­ѓа­ње­то на Цр­вен­ков­ски, бе­ше вест на де­нот, но и Пав­ле, ка­ко и Зо­ран, оста­на за­се­нет од до­а­ѓа­ње­то на Бран­ко, пишува РЕПУБЛИКА.-Па­па­та по­втор­но ги из­не­на­ди си­те! Или, се­пак, не бе­ше баш та­ка? Де­ка ги за­се­ни, тоа да, но не­го­во­то откро­ве­ние на кон­гре­сот е са­мо уште ед­на евти­на епи­зо­да од во­ста­но­ве­но­то пу­шта­ње ве­тер во едра на не­до­вет­ни­от нас­лед­ник. Да­ле­ку е од из­не­на­ду­ва­ње и ве­ќе пре­ми­на во кла­си­ка. Ако се се­ќа­ва­те, тој го на­пра­ви исто­то и пред ка­та­стро­фал­ни­те из­бо­ри за СДСМ во 2014 го­ди­на. То­гаш БЦ из­ле­зе од те­шка иле­га­ла пре­ку ин­терв­ју во кое го ис­по­фа­ли За­ев. За жал, се­то тоа и ма­ка­та на Бла­жев­ска беа за­луд­ни. Мо­же­би, За­ев би тре­ба­ло да из­ле­зе и да му ре­че „аман не ме бра­ни, ми­на­ти­от пат за­гу­бив со 200.000 гла­са раз­ли­ка“, но Бран­ко кон­тра ова ја за­си­ли под­др­шка­та, со­бра си­ли и из­ле­зе во јав­ност за да се про­ше­та со на­па­те­ни­от шти­те­ник. Да­ли, се­пак, со­бра си­ли са­мо за да ги со­бе­ре ла­во­ри­те? Ка­ко и да е, ед­но е си­гур­но – по во­ста­но­ве­ни­от со­ци­јал­де­мо­крат­ски па­ра­докс, кој по­ми­на во кла­си­ка, па­па­та це­лос­но го за­се­ни спа­си­те­лот. Пак. По којз­нае кој пат. Дол­го нај­а­ву­ва­ни­от кон­грес, кој тре­ба­ше да и ги отво­ри очи­те на на­ци­ја­та де­ка СДСМ, ко­неч­но, и, за про­ме­на, се фа­ти­ло за ра­бо­та и на­пра­ви­ло про­гра­ма, по­ми­на ре­чи­си не­за­бе­ле­жи­тел­но. „Пла­нот за Ма­ке­до­ни­ја“ се по­ка­жа па­те­тич­на збир­шти­на на пре­пи­ша­ни и на ло­шо скло­пе­ни по­пу­ли­стич­ки мер­ки, а се­тот та­жал­ки на из­бра­ни­те „ко­му­ни­сти“ од си­те бран­ши са­мо го до­пол­ни впе­ча­то­кот за кон­стант­на­та без­и­деј­ност, гол и не­ар­гу­мен­ти­ран по­пу­ли­зам и лош обид за зат­скри­ва­ње на очиг­лед­ни­от ели­ти­зам со кој, ед­но­став­но, зра­чи вр­ху­шка­та на че­да­та со си­на крв, анализира РЕПУБЛИКА.
 
БЦ во нова „невозможна мисија” за поддршка на „лидерот” Заев
Ду­ри и со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те де­не­ска, нај­ве­ро­јат­но, не се се­ќа­ва­ат на по­ну­де­ни­те „мер­ки“ во са­мо­бен­ди­са­но на­ре­че­ни­от „План за Ма­ке­до­ни­ја“, но си­те уште дол­го ќе се нас­мев­ну­ва­ат и ќе воз­див­ну­ва­ат по­ра­ди еден пре­кра­сен мо­мент, кој ги раз­неж­ни нив­ни­те на­па­те­ни ду­ши на кон­гре­сот,. Ве­ру­ва­ле или не, ги „из­не­на­ди“ и се по­ја­ви Бран­ко Цр­вен­ков­ски! Еу­фо­ри­ја на ек­ле­ктич­но за­до­волс­тво и изб­ли­ци на воз­ви­ше­на и не­кон­тро­ли­ра­на ра­дост ги оза­ри ли­ца­та на 539 „кон­грес­ме­ни“ (не­до­сти­гаа „са­мо“ 26 про­цен­ти од де­ле­га­ти­те, но ако зна­е­ле за Бран­ко, си­гур­но ќе дош­ле) ко­га тој фу­ри­оз­но и по­бед­нич­ки вле­та во са­ла­та. На­ста­на тур­ка­ни­ца за поз­дра­ву­ва­ње со не­го, а по­крај Цр­вен­ков­ски пос­луш­но нас­ме­ан оде­ше За­ев.
Но ни­кој, за чу­до, не се поз­дра­ви со спа­си­те­лот?! Си­те му при­о­ѓаа са­мо на па­па­та и со ши­ро­ка нас­ме­вка и по­кај­нич­ки ли­ца му се фр­лаа в пре­гра­тка, а За­ев, тој си оста­на со отво­ре­на уста, за­тоа што и тој бе­ше дел од оду­ше­ве­на­та тол­па (ви­де­о­то е сѐ уште во оп­тек, сло­бод­но про­ве­ре­те). Во тој мо­мент За­ев бе­ше са­мо ед­на Иван­на, „при­друж­нич­ка“ на ли­де­рот. По­ја­ву­ва­ње­то на Бран­ко, пак, ја раз­бу­ди но­стал­ги­ја­та. На со­ци­јал­ни­те мре­жи, со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те зап­ла­каа и за­ку­каа по не­го и отво­ри­ја де­ба­та за тоа кој е ви­стин­ски­от ли­дер. Ги до­рас­пу­ка Ла­тас со нас­ло­вот „Без стар­ца не­ма удар­ца“, а Ге­ро умил­но со ло­шо со­ста­вен текст и бе­до­ти­ја­та ме­сто нас­лов „Че­сти­тки за За­ев и Цр­вен­ков­ски“ ги те­ше­ше со збо­ро­ви­те „ Еден та­ков дух на спло­те­ност и на дру­гарс­тво, на­ви­сти­на, мо­же да вне­се по­бед­нич­ка енер­ги­ја во опо­зи­ци­ја­та пред прет­стој­ни­те из­бо­ри“?! Да, ко­га не­што е ол­ку јас­но, а мо­ра­те да бра­ни­те, ед­но­став­но, се прик­лу­чу­ва­те во па­те­ти­ка­та…
Факт е де­ка Цр­вен­ков­ски вле­зе во нов обид за под­др­шка на сво­јот истра­у­ма­ти­зи­ран нас­лед­ник, ми­си­ја што трае це­ли 3,5 го­ди­ни од не­го­во­то за­ми­ну­ва­ње од тро­нот на СДСМ. Ви­стин­ски­от проб­лем, пак, е што Бран­ко Цр­вен­ков­ски не е Том Круз за да ја ре­ши оваа неб­ла­го­дар­на „не­воз­мож­на ми­си­ја“ и да му по­мог­не на За­ев, ко­неч­но, и по си­те ма­ки и иску­ше­ни­ја, да дој­де до по­бе­да. Да, единс­тве­но што ги по­вр­зу­ва екс­ли­де­рот со хо­ли­вуд­ска­та ѕвез­да е што се врс­ни­ци, а ве­ру­ва­ле или не, Бран­ко е три ме­се­ци пом­лад од Том. Пос­лед­ни­те ан­ке­ти, пак, по­ка­жаа, де­ка ду­ри и да бе­ше Круз, по­ја­ву­ва­ње­то на Цр­вен­ков­ски на 70 де­но­ви пред из­бо­ри­те не мо­же да го сме­ни со­од­но­сот ме­ѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а за раз­ли­ка­та ме­ѓу не­го и Гру­ев­ски да не ни збо­ру­ва­ме. За жал на опо­зи­ци­ја­та, и Ка­ти­ца Ја­не­ва во ме­ѓу­вре­ме си приз­на де­ка не е Су­пер­мен…
 
„РЕПУБЛИКА“: ЕУРЕКА! Верувале или не – СДСМ има план?!
Цр­на­та кам­па­ња во ко­ја пар­ти­ја­та ужи­ва и би­ти­су­ва ре­чи­си че­ти­ри го­ди­ни, го на­пра­ви сво­е­то. На За­ев не му по­мог­наа ни­ту „бом­би“, ни­ту ча­до­ри, ни­ту Цр­вен­ков­ски, ни­ту, пак, „ре­во­лу­ции“, СЈО и слич­на сто­ка со огра­ни­чен рок на тра­е­ње и енорм­но ска­по одр­жу­ва­ње. Со­о­чен со кон­стант­но­ста на срам­ни­от реј­тинг, СДСМ се ре­ши да за­и­гра на дру­га, по­и­на­ква кар­та. По­ве­ро­јат­но, та­ка му рек­ле, не­ли. Иа­ко, еден ден по лаж­ни­от по­зи­ти­ви­зам, Спа­сов­ски, очиг­лед­но, не ги раз­брал За­ев и Ше­ќе­рин­ска, па му пи­ша за­бра­на за прес-кон­фе­рен­ции на Ан­до­нов. Ве­ро­јат­но и тој се за­гу­бил во пре­во­дот. Ка­ков? Од срп­ски или од ја­зи­кот на ча­до­рот се овие но­ви на­со­ки на СДСМ да игра на по­пу­ли­зам, по­зи­ти­ви­зам и на це­лос­но не­ар­гу­мен­ти­ра­ни ве­ту­ва­ња за зго­ле­ме­на ми­ни­мал­на пла­та, за­др­жу­ва­ње на мла­ди­те со но­ви ра­бот­ни ме­ста и што ли уште не? Ба­рем до­се­га, ска­пи­те срп­ски про­да­ва­чи на маг­ла им ну­деа са­мо омра­за и им про­да­ваа ве­тви, бо­сан­ски и не­ус­пеш­ни ша­ре­ни „ре­во­лу­ции“, та­ка што ова е пос­ле­ден обид на ча­до­рот да ги из­ве­де на „ви­стин­ски­от“ пат. Се­пак, кој ќе го ку­пи тоа од пар­ти­ја­та што на еко­ном­ски план оста­на поз­на­та са­мо по ка­та­стро­фал­на­та при­ва­ти­за­ци­ја, бр­ка­ње­то на „Ау­ди“, при­ва­ти­за­ци­ја­та на ЕСМ, „до­го­во­ри­те“ за бр­ка­ње ил­јад­ни­ци вра­бо­те­ни од „Те­ле­ком“ и ни­ту ед­на кон­крет­на мер­ка. Се­га се из­ма­чи­ја, иско­пи­раа и мо­ди­фи­ку­ваа не­кол­ку мер­ки од вла­ста, а дру­ги­те ги ве­ту­ва­ат без ни­ка­кво из­др­жа­но об­јас­ну­ва­ње и ка­кво и да е по­кри­тие.
Кој ќе го ку­пи овој план, ве­ќе одам­на ре­шил да го ку­пи, но на мно­зинс­тво­то и на­та­му при спо­ме­ну­ва­ње на но­ви­от „План за Ма­ке­до­ни­ја“ на СДСМ пр­во на ум ќе му пад­нат дво­ја­зич­но­ста, ре­о­тво­ра­ње­то на Рам­ков­ни­от до­го­вор, ре­ван­шиз­мот, кој ве­ќе на­го­ле­мо го про­мо­ви­раа тех­нич­ки­те ми­ни­стри и че­ти­ри пр­ста про­ја­ве­на­та отво­ре­ност за ви­тка­ње „кич­ма“ и про­ме­на на име­то. „Да“ за влез во НАТО и во ЕУ, но и ту­ка Ма­ке­дон­ци­те во прет­ход­ни­те ан­ке­ти ги де­ман­ти­раа со по­ве­ќе од 80 про­цен­ти про­тив слич­ни дејс­тва. За си­те тие што не се сим­па­ти­зе­ри на СДСМ и со са­мо­то тоа спа­ѓа­ат во со­ци­јал­де­мо­крат­ска­та гру­па на „сто­ка, се­ла­ни и не­ми­е­ни“ ова е пр­ва­та сли­ка за пла­нот на СДСМ за Ма­ке­до­ни­ја. Што е пра­во, из­браа ви­стин­ско име за кам­па­ња­та. За сре­ќа, има­ат 70 де­но­ви на рас­по­ла­га­ње за да го сме­нат. Исто ка­ко и фло­ску­ла­та „Се­кој чо­век е ва­жен“ во „Се­кој чо­век со си­на крв е ва­жен“. „Сто­ка­та“ не е, ама по­жел­но е да гла­са за нив. Тоа е и нај­ку­си­от опис на оче­ку­ва­ња­та од „Пла­нот за Ма­ке­до­ни­ја.“
 
Дообјаснување: СДСМ се обедини со центарот, т.е. Заев со Поповска
Ве­ста на СДСМ од кон­гре­сот е де­ка, ко­неч­но, се фор­ми­ра­ле опо­зи­ци­ски­те ко­а­ли­ции. Неј­се што не е точ­но и што дел од нив ка­ко Ле­ви­ца, ВМРО-НП и дру­ги сѐ уште кал­ку­ли­ра­ат, но ко­га си­те оче­ку­ваа од За­ев да ка­же де­ка на­ста­пу­ва со Бе­са, Се­ла или ма­кар со Уни­те­ти, тој ги за­мол­чи со ве­ста де­ка „ле­ви­ца­та“ се обе­ди­ни­ла со „цен­та­рот“, а „дес­ни­ца­та“ ќе оде­ла са­мо­стој­но?! Не ба­ди­ја­ла си­те се во на­вод­ни­ци. Ар­но што им свет­на­ло де­ка со ал­бан­ски­те пар­тии ќе се до­за­ко­паа, но при­ка­зот на Ли­ле и на Пав­ле за цен­тар и за не­ка­ква си дес­ни­ца бе­ше уште по­о­ча­ен и по­бе­зо­бра­зен. На­стра­на, ако СДСМ е ле­ви­ца­та во Ма­ке­до­ни­ја, не­кој ту­ка мно­гу се ше­гу­ва со на­ро­дот. Ми­ли­о­не­ри и ели­ти­сти не во­дат ле­ви­ца. Ба­рем ни­ка­де во све­тот. „Цен­та­рот“ да ти бил ДОМ на пре­врт­ли­ва­та Ли­ле По­пов­ска, ко­ја е се­ко­гаш отво­ре­на за со­ра­бо­тка со по­бед­ни­кот. Прос­пе­ри­ра­ше ка­ко са­те­лит на вра­тот на ВМРО-ДПМНЕ и во ме­ѓу­вре­ме на­пра­ви ка­та­стро­фал­но ло­ша про­це­на де­ка „бом­би­те“ ќе го до­не­сат За­ев на власт. И ло­шо про­це­ни. Си­гур­но и де­не­ска мно­гу се кае, но ба­рем пак ќе вле­зе во пар­ла­мен­тот. За неа не­ма зи­ма. Се­пак, нај­по­уч­на­та вест од Кон­гре­сот е што Пав­ле Тра­ја­нов и не­го­ви­от Де­мо­крат­ски Со­јуз би­ле дес­ни­ца?! Ова, по­крај до­а­ѓа­ње­то на Цр­вен­ков­ски, бе­ше вест на де­нот, но и Пав­ле оста­на за­се­нет од Бран­ко. Фикс­ни, се­га-за­се­га, му би­ле ма­ло­ум­ни­те па­три­о­ти од ФРОДЕМ и акти­ви­сти­те на ДЕМОС. И две­те се да­ле­ку од пар­ти­ја и не­ма­ат ни­ка­ква стру­кту­ра, па Пав­ле и Јо­ве се­га се кр­стат во вле­зот на ВМРО-НП и на Обе­ди­не­ти за Ма­ке­до­ни­ја за со Љу­бе и со Љуб­чо да му „укра­дат“ на бе­га­ње не­кој глас на Гру­ев­ски и за да му „на­пра­ват ус­лу­га“ на За­ев во ма­те­ма­ти­ка­та со Дон­то­ви­от мо­дел. Ве­ро­јат­но, и Пав­ле, ка­ко и Ли­ле, страш­но се кае за ло­ша­та ма­те­ма­ти­ка и про­це­на со „бом­би­те“ и со СЈО. Ва­ка са­мо ста­на штет­ник со Јо­ве, а на ДЕМОС и та­ка ни­кој не се се­ќа­ва. Ако до кон­гре­сот пра­ша­вте ко­го би­ло ка­ква про­ми­нен­ци­ја е Де­мо­крат­ски­от со­јуз, си­те ќе ви од­го­во­реа на два на­чи­ни. Пр­ви­от би бил „са­те­лит­ска ори­ен­та­ци­ја“, а вто­ри­от од­го­вор би бил „зар ДС има по­ли­тич­ка про­ми­нен­ци­ја?“ Ша­ре­ни­те не­ма­ло да одат ка­ко пар­ти­ја, ама ќе би­ле на ли­сти, раз­бир­ли­во, де­ка се ед­но со СДСМ и тоа не е ни­што но­во, во­оп­што не из­не­на­ди ни ве­ста де­ка во ше­ста­та из­бор­на еди­ни­ца ќе одат со Му­ки и со Аде­ми на ли­ста, но ете, освен де­ка Бран­ко е жив и здрав, при­до­би­вка е што доз­нав­ме де­ка ДС би­ле дес­ни­ча­ри. Мош­не по­у­чен кон­грес.
 
Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 214. број на неделникот „Република“, 7.10.2016)-Па­па­та по­втор­но ги из­не­на­ди си­те! Или, се­пак, не бе­ше баш та­ка? Де­ка ги за­се­

Пронајдете не на следниве мрежи: