При посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на општина Ѓорче Петров реализирана на 17-ти месецов, дел од жителите на населбата Дексион побарале да се реши нивниот повеќедецениски проблем со легализација на нивните објекти.Груевски за време на теренската посета го задолжи министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски да го разгледа проблемот на овие граѓани и да се обидат да најдат решение за истиот.
Неколку дена подоцна, односно на 21 март била одржана средба со жителите на Дексион во Министерството на која покрај Мисајловски присуствувал и градоначалникот Сокол Митровски.
На истата детално биле разгледани барањата на граѓаните, по што била отпочната постапка за конечно решавање на нивните проблеми.
Денес сите оние што имале проблем повеќе децении, веќе го немаат. Министерството согласно законските прописи, а во соработка со општината им ги легализирало дивите објекти за што граѓаните имаат решение.
Имено, педесет илјади нови барања за легализација на дивоградби се доставени во пролонгираниот рок кој истекува утре.
Министерот денес апелираше да се искористи можноста за легализација, потенцирајќи дека по истекот на рокот нема да се примаат нови барања.
– Апелирам секој граѓанин кој има потреба да достави барање да си го фати редот. Утре завршува законскиот рок по што нема да можат да достават дополнително барање, изјави Мисајловски кој очекува денеска и утре да се зголеми бројот на новите барања покрај досега поднесените 50 илјади. Најмногу нови барања, како што рече, има во поголемите општини, како Гостивар, Струмица, Куманово, Охрид… Има по илјада, две илјади барања, но бројките постојано се менуваат затоа што секогаш во последните два дена има најмногу.Груевски за време на теренската посета го задолжи министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски да го разгледа проблемот на овие граѓани