Решена мистеријата за исчезнатиот малезиски авион со помош на Доплеровиот ефект

„Inmarsat“ британската сателитска компанија  успеа да ја реши енигмата по кој правец се движел малезискиот авион што исчезна на 8 март со помош на Доплеровиот ефект.Се дошло до заклучок дека исчезнатиот авион, за кој малезиските власти соопштија дека се урнал на југот на Индискиот океан без преживеани, летал токму во таа насока, а не кон централна Азија, како што гласеше една од теориите.
Доплеровиот ефект е појава што ја забележуваме во секојдневниот живот и се сведува на промена на фреквенцијата на бранови што испраќачот ја упатува на примачот во однос на нивната меѓусебна положба.
Така на пример, звукот на полициската сирена што се приближува е се повисок, а како што се оддалечува станува се послаб.

Inmarsat со помош на Доплеровиот ефект анализираше седум сигнали од радарот што дошле од авионот на летот MH370 од Куала Лумпур за Пекинг. Најпрвин биле утврдени два правци, кон север и југ според времето што било потребно сигналот да стигне до британскиот приватен сателит и аголот под кој доаѓал.
Сателитот го зеле како примач на звукот и врз основа на ослабнување на сигналот според Доплеровиот ефект утврдиле дека насоката е кон југ.
Иако судбината на авионот е дефинирана, потрагата по неговите делови продолжува. Во потрагата учествуваат десетици авиони, бродови и луѓе од 26 држави. Нивна главна цел е пронаоѓање на црната кутија.Се дошло до заклучок дека исчезнатиот авион, за кој малезиските власти соопштија дека се урнал на југот на Индискиот океан без преживеани, летал то

Пронајдете не на следниве мрежи: