Нов пат и канализација за Другово, санација на водоводот во Вранешница, проект за ангажирање на дефектолози, изградба на нов автопат Гостивар Кичево беа дел од проектите кои се разговараа при последната посета на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на Кичево и кичевско.При посетата на Вранешница освен тоа што беше договорена санација на водоводот, Груевски пред заинтересираните граѓани им ги објасни можностите кои ги нуди новата штотуку отворена фабрика на Ки Сејфти Систем која треба да стигне до 1000 вработувања, а размислува и за втора фаза. Овој капацитет ќе значи нова дополнителна можност за вработување на околните населени места вклучително и Вранешница.
-Илјада вработувања ќе има. Секој две недели ќе вработуваат по 30 нови луѓе. Сега имаат 230 вработени, треба да дојдат до 1.000, а можно е потооа да почнат уште една, втора фаза, на нив им требаат работници, истакна Груевски.
Груевски го посети и Другово каде жителите побараа санација на патот и фекална канализациона мрежа. Беше објаснето дека Владата и министерството за транспорт и врски ќе стави на располагање 740 илјади евра за Кичево и Другово потребно е само да се аплицира од страна на општината. Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски посочи дека ќе и се понуди помош на општината и во процесот на изработка на проект неопходен за реализација на овој инфраструктурен зафат.
При посетата на градот Кичево каде огромен број на граѓани го пречекаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, дел од просветните работници го покренаа прашањето за недостаток на дефектолози во училиштата. Груевски посочи дека било раговарано со надлежните од Министерството за образование и наука за ангажирање на дополнителен број на дефектолози со што ќе се надмине недостатокот не само во Кичево туку и на ниво на цела држава.
-Скоро разговаравме со заменик министерот за образование и со министерот за финансии околу тоа да се вработат голем број на дефектолози. Се планира годинава да има еден поголем број на вработувања на дефектолози, истакна Груевски.
Граѓаните задоволни од досега реализираните проекти во Кичево, се интересираа и за изградба на автопатот Гостивар Кичево. Груевски посочи дека покрај тоа што активно веќе се гради автопатот Кичево Охрид за што се инвестираат 375 милиони евра, се работи и за реализација на проект за изградба на автопатот Гостивар Кичево. Во моментот се прават анализи на кој начин да се исфинaнасира овој капитален проект, преку јавно приватно партнерство или преку соработка со Европската банка за обнова и развој.
-Тоа е крупен, деликатен проект бидејќи е тежок и скап пат, затоа што е планински. Работиме во моментот на две основи: едно е ако се оди во ЕБРД, втора ако се оди со јавно приватно партнерство затоа што сега се јавија нови компании кои покажаа интерес. Во разговорите со нив, со претставниците на Владата, понудија многу подобри услови отколку тоа што беше во минатото. Така што се трга во двете насоки, која ќе биде поповолна со таа ќе се оди. Во секој случај тој проект ќе се направи, ќе се гради, потенцира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
При посетата на Вранешница освен тоа што беше договорена санација на водоводот, Груевски пред заинтересираните граѓани им ги објасни можностите кои