Стегнати крвни садови, недостаток на хранливи материи и студот се едни од најчестите причини за лоша циркулација на крвта во прстите. Балансираната исхрана богата со овошје и зеленчук, физичка активност и други форми за загревање на телото можат да помогнат.Прстите на рацете и нозете често ви се ладни? Основна причина е намалениот проток на крв во рацете и нозете. Причините се различни, но најчести се нездравиот начин на живот, изложеност на студ и несоодветна исхрана.
Важно е да се постави точна дијагноза од вашиот лекар, но и вие размислете на можните причинители:
Стареење:
Со текот на годините, крвните садови можат да станат покрути и стегнати. Тоа смета на правилната циркулација, особено на екстремитетите. И ова е всушност главната причина зошто многу постри луѓе имаат ладни раце и нозе.
Раунадова болест:
При ниски температури крвните садови во нозете и рацете се стегнати. Сепак ова стегање може да се јави како резултат на изложеност на физички или ментален стрес. Се работи за многу сериозна болест во која прстите можат буквално да замрзнат, а со тоа се заканува и нивна ампутација.
Несоодветна исхрана
Исхраната сиромашна со витамини, минерали и масни киселини предизвикува долгорочно оштетување на артериите, вените и капиларите. А оштетените крвни садови не можат добро да ја вршат својата функција, особено тешко во рацете и нозете.
Проширени вени
Во вените можат да се јават згрутчувања кои можат да донесат до воспаление. Ова се нарекува венска тромбоза.
Посебни услови и болести
Бременост, дијабетис, висок крвен притисок, висок холестерол… исто така можат да сметаат на циркулацијата и да предизвика студ во рацете и нозете.
Што да превземете да се поправи проблемот?
Како прво и основно променете го лошиот начин на живот. Јадете здрава храна и вежбајте умерено но редовно. Ќе почуствувате голема промена.
Ако сте изложени на студ направете сѐ за да ја одржите телесната температура. Носите топли ракавици и волнена облека. Бидете физички активни, тоа ќе ја одржи топлината.
За брзо стоплување јадете свеж ѓумбир.
Откажете се од пушењето или престојот во задимена просторија.Прстите на рацете и нозете често ви се ладни? Основна причина е намалениот проток на крв во рацете и нозете. Причините се различни, но најчести се