РЕСЕТ или ЧИСТИЛИШТЕ???

Оној кој го нарекуваа „Фикус“, „Англиска кралица“ и му се потсмеваа активисти од разни вери, бои и провиниенции, вчера имаше обраќање. Прозборе молчаливиот. И предизвика бура каква што никој од него не очекуваше. Добар плот твист. И додека се подготвувавме да гледаме добри натпревари од ЛШ, а работливата „Десет прсти“ Катица СЈО Јанева еуфорично ја подготвуваше свадбата на ќерка си, Ѓорѓе Иванов го доживуваше хајлајтсот на сопствената функција.Дали обраќањето ќе се третира како историски потег или фарса, од оваа перспектива на Day after впечатоци не можеме да кажеме. Историјата ќе покаже или како што господинот Заев сака да каже – истрагата ќе покаже. По мене, пред да го искоментираме потегот на Иванов, секако му должиме едно БРАВО, една пофалба за тоа што не го прими Бејли вчеравечер и не дозволи да му држи лекции од „демократија“ ­ за мене нешто најпозитивно што произлезе од вчерашниот ден.
Што всушност стори Иванов вчера. Мислењето е неподелено дека тој овозможи група криминалци (зборувам за впечатокот на јавноста иако судски одлуки кои би ги потврдиле како такви нема) да поминат неказнето. Од тоа на кој политички табор припаѓа оној кој ја коментира неговата одлука, зависи кои тоа функционери имале бенифит а кои се оштетени.
Нормално, за СДСМ тоа се „криминалците“ од ВМРО кои поминале лесно со оваа одлука на Иванов и обратно во ВМРО сметаат дека „криминалците“ од СДСМ се извлекле од заслужена робија. Ние граѓаните се чини никогаш нема да дознаеме и ќе си останеме со истите убедувања кои ги имавме пред оваа одлука. Секој во својот табор. Да биде парадоксот уште поголем, ова не ни е прв пат да се соочиме со амнестија или аболиција. Овие мерки некако ни се повторуваат циклично на одреден временски период и непријатни какви што се, сакаме сѐ чини да ги потиснеме длабоко во потсвеста. Се сеќаваме на аболицијата на Заев за „Глобал“ и секако анестијата за „Хашките случаи“ кога ДУИ доби get out of jail free карта. Во двата случаи имаше тензија, напнатост а на сите ни се враќа горчливиот вкус на неправда во устата кога ќе помислиме на нив. Терористите на УЧК, попознати како „Борци за права и слобода“, креваа луѓе во воздух со динамит, вежбаа „ракопис“ со нож на невини луѓе, луѓе кои се најдоа на погрешно време во погрешно место. Сега истите шетаат и ги уживаат истите права како секој од нас. Иронично нели?
Аболицираниот Заев пак, (најискусен во оваа област) си прошета на прсти по судскиот систем со вајлд карта од тогашниот претседател Црвенковски. Иронично, тој сега е на неговото место. И се чини дека времето лечи се, се додека некој, на некоја маса, во кафеана да речеме, не потсети на овие работи. Вкусот во устата горчлив како и првиот пат, намерата – наводно благородна – целта???
Тука доаѓаме до клучната поента и на вчерашната одлука и на претседателот Иванов. Дали целта т.е. помирувањето, новиот старт, clean sheet тактиката ќе ни донесе напредок, излез од ќорсокакот во кој сме, или е народот жеден за конечена пресметка, за крв која толку се бара да тече по улиците за да измие нечии туѓи гревови. Во меѓувреме додека го чекаме епилогот, можеме само да нагаѓаме дали оваа мерка на Иванов ќе не придвижи напред или ќе не заглави во калта.
Од искуство знаеме дека помилувањето на „Хашките случаи“ не не однесе напред, напротив не внесе во слепата уличка на етничко ­ процентуален компромис со здравиот разум. Аболицијата на Заев реши ли нешто? Кој знае што ќе беше сега ако тој беше во затвор а некој далеку по способен лидер ја преземеше палката од уморниот Црвенковски. Едно знам, оваа голгота ќе беше неможна со било кој друг на чело на СДСМ, па дури ни со бескрупулозната Шеќеринска, позната по тоа што ги сака правдата и законите – особено кога не важат за неа. Секогаш кога македонскиот Народ беше замолуван да замижи на едно око, беше изигруван.
Така се случи со знамето, привремената референца, територијалната поделба….. Ни едно од замижувањата не излезе на добро, се му се врати на Народот како бумеранг. Се обложувам дека далеку подобро ќе беше да отидеме на избори а во меѓувреме да се стават на стенд бај сите гонења на криминалци, вештерки, и други ноќни опасни ѕверки кој ни ги матат деновите. Требаше и да се најмат, ангажираат врвни правни експерти од странство, докажани и некомпромитирани и најважно стручни и ефикасни, без роднински врски во Македонија.
СЈО и Катица Јанева ги немаат тие атрибути – затоа оваа мешаница. Апсолутно сум сигурен дека нормален, стручен, некомпромитиран и елоквентен тим обвинители, до сега ќе расчистеше многу дилеми и ќе симнеше многу прав од воздухот на земја и ќе немаше потреба од вакви Ад хок докажано неефикасни решенија. Се чини дека такво нешто пропуштивме водени од егото и жедта за власт. На двете страни.
Од таму, мерката на Иванов, колку и да е со добра намера мислам дека стои на гнили штици и дека прашината е далеку од спуштена на земја. Чекаме Катица да се врати од свадба, амбасадорите да состават некое корисно за нив обвинение и да и го дадат да го прочита, Фатиме да глуми а Ленче да одвраќа внимание од празнотијата на она што првите две ќе го соопштат и да им ја скрие некомпетентноста со својот сексапил.
Уиграно? ДА.
Наместено? 100%!
Погодно за раскол и пизма по социјални мрежи? Дефинитивно! Само не корисно. За жал. Во меѓувреме, внимавајте каде го паркирате автомобилот. Законите сѐ уште важат за обичните луѓе.
Пишува: Алекс Ванко
Филозоф, писател, аналитичар
 Дали обраќањето ќе се третира ка

Пронајдете не на следниве мрежи: