Многу од луѓето кои се борат прекумерна тежина обично не се свесни дека нивниот проблем лежи длабоко во нивните емоции.Ако се обидувате да држите диета, а потоа се прејадувате со храна, големи се шансите дека јадете за да се утешите поради некоја причина.
Она што би можело да биде решение не е да го намалите внесот на калории, туку да ги прочистите емоциите, смета хипнотерапевтот Том Форест Мајер, кој верува дека повеќето луѓе, всушност претерано јадат, поради нерешени емоционални проблеми, кои понекогаш ги кријат и од самите себе.
– Не размислувајте за негативни работи и не тагувајте над својата судбина. Целта е да одвоите време за да разјасните што е она што ве оптоварувало досега и да се ослободи од сите негативни емоции кои ве врзуваат за такви настани, вели Мајер.
Тој истакнува дека луѓето кои се под стрес „несвесно јадат“, потоа накратко се посветуваат на т.н. јо-јо диети, и кога нема да успеат, следи нов период на тага и депресија.
За да дознаете дали сте личност која припаѓа на оваа група, Мајер предлага да го решите овој едноставен квиз.
Доволно е да изберете одговор кој најдобро ве опишува, и на крајот да ги преброите.
Како би ја опишале вашата реакција кога сте тажни, лути или под стрес?
А. Се прејадувам и изберам слатка и масна храна.
B. Посегам по храна и пијалок, но изберам поздрава храна.
C. Си давам време да размислам за она што го чувствувам, да се опуштам и да ја согледам што е она што лежи во коренот на овие негативни емоции.
Можете ли да разговарате со некого за она што ве мачи?
А. Избегнувам да размислувам за тешки работи од минатото. Не сакам да зборувам за тоа. Не простувам лесно.
B. Мислам дека минатото треба да се остави во минатото. Не размислувам за она што не може да се промени, но можам да зборувам за повеќето работи кои ме повредиле и простувам.
C. Јас мислам дека клучот до среќата искреноста кон себеси и другите. Можам да зборувам за сè.
Што најдобро ве опишува кога сте бесни?
А. Лесно се лутам и долго време не им заборавам на луѓето кои ме повредиле. Понекогаш кога ќе се налутам, експлодирам од бес.
B. Луѓето ме фрустрираат, но и покрај тоа што сакам да ги направам некои работи поинаку, избегнувам отворено да ја покажам лутината.
C. Преземаам целосна одговорност за своите чувства. Ако сум лут/а на некој и да сфатам дека тоа е моја грешка, брзо се смирувам и знам да се извинам ако моите постапки повредиле некого.
Што најдобро го опишува вашиот однос со себе?
А. Не се чувствувам добро во своја кожа. Тешко прифаќам комплименти и често сум лош/а кон себе.
B. Ми се допаѓаат само некои делови на мојата личност, а некои се ме тераат да полудам. Јас не сум својот најголем фан, но се поднесувам некако.
C. Горд/а сум на она што сум. Се грижам за себе и често се наградувам себе си.
Најмногу одговори под А:
Ако имате најмногу одговори под А, тоа значи дека тешко можете да се справите со емоции. Во себе носите нерешени фрустрации кои ви го блокираат системот и ги намалуваат шансите да станете здрави и среќни. Емоционална детоксикација може да ви помогне да се опуштите и да се сакате себе си и другите.
Најмногу одговори под Б:
Имате здрава врска со себе си и своите емоции, но не би ве повредило да научите некои техники за тоа како да се ослободите од минатото. Така ќе почнете да се чувствувате подобро во својата кожа и ч еви биде полесно да се прифатите себе и своето тело какви што се.
Најмногу одговори под C:
Вие можете да се пофалите со завидна емоционална интелигенција, преку која ќе успеете да се справите со негативни мисли и чувства без да барате утеха во храната. Ова значи дека се разберате подобро и дека можете да си помогне за да бидете поздрави и посреќени. Со преземање на целосна одговорност над своите чувства, можете да го контролирате вашиот живот и го цените повеќе. И кога ќе дојдат негативните емоции, можете лесно да се справите.
Решение
Мајер вели дека храната како утеха е најнездравиот начин за решавање на емоционалните проблеми, а исто така е и налошата порака која можете даси ја испратите до себе си, а тоа е дека не сте задоволни.
– Негативните емоции се знаци кои можат да ви го придвижат живот во подобра насока. Ако ги игнорирате чувствата, можеби ќе ја пропуштите важната порака и со тоа ќе си направите да ви е потешко во секојдневниот живот, вели тој.
Мајер препорачува да почнете да ги слушате своите емоции, да ги користите како компас во изнаоѓање на начин до здравје и среќа.Ако се обидувате да држите диета, а потоа се прејадувате со храна, големи се шансите дека јадете за да се утешите поради некоја причина.
Он



