Ако некогаш сте имале проблем со афти, тогаш знаете дека овие ранички можат да бидат многу болни и да ви пречат додека јадете или пиете. Освен што за времетраењето на афтите треба да избегнувате кисела храна, кон побрзото излекување ќе ви помогнат и растителните чаеви!Афтите се болни ранички кои се јавуваат во устата. Најчесто поминуваат сами од себе, отприлика седум дена по избивањето, но често знаат повторно да се вратат. Во прилог ви донесуваме неколку совети со кои по природен пат ќе се ослободите од овие ранички.
Традиционалниот начин за лекување на афтите вклучува мраз за ублажување на болното чувство или плакнење на устата со топла солена вода. Исто така, пожелно е да се избегнува алкохол, мастики, оцет и останати кисели јадења додека имате афти бидејќи таквата храна ја влошува состојбата во вашата уста.
На располагање ви се следниве растителни решенија.
Црн или зелен чај
Обичниот црн или зелен чај е богат извор на танин. Како антисептик со широк распон на антибактериско и антивирусно дејствување, танинот посебно помага кај воспаленијата на устата кои може да бидат предизвикани од бактерии, габички, вируси или алергии. Затоа, направете вообичаен црн или зелен чај, оставете го малку да се олади и со него исплакнете ја устата. Секако дека можете и да го пиете чајот.
Чај од жалфија
Иако не е најбогат извор на танин, чајот од жалфија е еден од најпознатите лекови за афти. Жалфијата го смирува и лечи воспалението во устата. Подготовката е едноставна: две мали лажки од сушена жалфија додадете во филџан со зовриена вода. Пуштете да се олади и исплакнете ја устата. Секако, чајот може да го испиете, но не претерувајте зашто жалфијата во поголеми количества кај некои луѓе може да предизвика грчеви.Афтите се болни ранички кои се јавуваат во устата. Најчесто поминуваат сами од себе, отприлика седум дена по избивањето, но често знаат повторно да



