„Решете се“ од ЈАЧМЕНОТ НА ОКОТО со овие корисни СОВЕТИ и природни ЛЕКОВИ

Јачменот е цврст израсток во црвена боја која може да се јави на капакот или под окото. Личи на зрнце и може да предизвика болка, чешање и иритација. Во внатрешноста е исполнето со гној и во главно исчезнува после неколку дена. Меѓутоа, за да ја избегнете непријатноста која ја носи јачменот, можете да ги искористите предностите на природните лекови за отстранување на јачмен.Причини кои го предизвикуваат настанувањето на јачмен: 
Бактеријата стафилокока може да биде причина за појава на јачмен како последица на недоволна хигиена на окото. Исто така јачмен може да настане како последица на хормонски прмени кои настанале за време на лечење или во текот на менструалниот циклус. Стрес, прекумерна работа и анксиозноста исто така можат да го предизвикуваат појавувањето на јачмен.
Корисни совети кога имате јачмен: 
Не се обидувајте да го истискате, немојте да нанесувате шминка додека јачменот потполно не се излечи, посетете лекар доколку не ви помогнат природните лекови, не чешајте го подрачјето околу јачменот, доколку носите леќи обидете се да не ги ставате додека имате јачмен, не допирајте ги очите со раце, немојте да делите пешкир или сапун со другите.
Природни лекови за јачмен
– Измијте еден лист блитва и загрејте го во тавче со вода околу 5 минути. Потоa процедете и оставете малку да се олади. После тоа, истиот тој лист блитва ставте го на заторено око и држете така половина час. Повторувајте го овој процес 3 пати на ден додека јачменот не се повлече.
– Згмечете неколку свежи листови нане и ставете ги на окото. Држете 5 минути, а потоа исплакнете со млака вода.
– Направете чај од една лажичка суви ливчиња невен и половина литар вода. Добиената течност процедете ја и во неа натопете газа. Натопената газа ставете ја на капакот на окото и држете додека сосема не се олади. Повторете го ова 3 пати на ден.

 
– Сварете25 гр камилица, 10гр коњска опашка и 10 гр темјан во 1 литар вода. Поклопете и оставете малку да се олади. Потоа од овој расвор твајте на окото во вид на облоги 3 пати на ден.
– Исечете еден лист алое вере и од него исцедете ја течноста која со помош на памук ќе ја ставите на јачменот.
– Направете чај од една рака листови багрем и една шолја вода. Кога чајот малку ќе се олади натопете на памук, и ставете на капакот од окото – држете 5 минути.
– Во текот на 5 минути варете лажичка коријандер и половина шолја вода. Поклопете, оставете малку да се олади, потоа процедете и натопете газа со овој чај и нанесете на окото.
– Излупете компир и исечете го на кришки. Неколку пати на ден една кришка од компирот ставете на окото и држте додека компирот не се исуши.
– Направете чај од камилица и оставете малку да се олади, потоа направете облога и ставајте ја на окото најмалку 4 пати на ден.
– За оние кои се во можност на окото можат да стават штотуку снесено јајце и држете го 5 минути.
– Кога ќе се разбудите додека се уште не сте измиле заби на прстот нанесете малку од својата плунка и нанесете на јачменот.
– Исто така постои старо верување кое вели дека доколку ви се појави јачмен треба да земете златен прстен и добро да го згреете со дланките, а потоа да го ставите на местото каде се појавил јачменот.
– Доколку ви се појави јачмен, најдете новпечена мајка која се уште го дои бебето, и нека ви капне од своето мајчино млеко во окото. Причини кои го предизвикуваат настанувањето на јачмен: 
Бактеријата стафилокока може да биде причина за појава на јач

Пронајдете не на следниве мрежи: