Како резултат на една напорна и ефикасна работа на Владата во текот на минатата и оваа година, во период кога рудникот се најде во исклучително тешка ситуација поради финансиски проблеми, спроведе ефикасна акција за да се најде нов концесионер, појасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.Груевски денеска заедно со премиерот Емил Димитриев беа на одбележување на почетокот со работа на рудникот за олово и цинк „Злетово“ во Пробиштип (Плато за истовар на руда).
-Веќе се вратени околу 140 вработени а интенцијата е да се вратат сите вработени. Ме радува што тоа се случува овде каде што невработеноста е преполовена и тоа е добар знак, со работењето на овој рудник и со враќањето на работа на останатите рудари, невработеноста дополнително ќе се намали, вели Груевски.
Тој подвлече дека тие се политичка гарнитура која што е насочена и сконцентрирана кон економијата, а рударството е еден од тие делови.
-Пред неколку дена почна да се отвора нов рудник кој за една година ќе биде целосно во функција. Веќе следната година започнува да се гради рудникот Иловица, а дадени се концесии за уште многу рудници каде што се вршат истражувања, така што ќе има уште многу места каде што ќе се отвораат рудници и каде што ќе се отвораат нови работни места, вели Груевски.
Кога станува збор за рудниците, покрај директните многу се важни и индиректните вработувања.
-Се радувам затоа што напори кои што ги започнав уште како премиер и кои што подоцна продолжија, дадоа резултати и во Пробиштип повторно се враќа рудникот и рударите се враќаат на работа, вели Груевски.Груевски денеска заедно со премиерот Емил Димитриев беа на одбележување на почетокот со работа на рудникот за олово и цинк „Злетово“ во