РЕТКО КОЈ ЗБОРУВА ЗА ОВА: „Поради овие нешта не сакам да бидам мајка!“

Една мајка, која сакала да остане анонимна, признала како се чувствувала откако добила дете и реши да ги сподели работите коишто не ги сака во мајчинството.Во прилог ви го пренесуваме нејзиното писмо:
„Откако го добив детето, мене повеќе никој не ме забележува. Секакви совети се изнаслушав од родителите. Како што има луѓе со сто чуда, има исто и мајка со различни доживувања и чувства. 
Прво: Кога го прегрнав моето дете за прв пат, не ме преплави тоа блажено чувство на задоволство или љубов спрема него. Веднаш се почувствував одговорна за тоа мало битие. Само размислував дали е сѐ во ред со него и дали ќе можам да му удоволувам за да не плаче посотјано. Можам слободно да кажам дека го засакав после три месеци. 
Второ: Секогаш сум исцрпена и едвај чекам некој друг да го чува или да го заспие. И секој пат кога ќе заплаче едвај се будам и мислам што му е сега? Сѐ му дадов. Напомена: Немам свекрва и сопругот го гледам еднаш во неделата.

Трето: Сакав да го дојам, но ми беше мака од сѐ и не можев да јадам. Млекото ми беше слабо и не му беше доволно. За жал, тоа сама го сфатив бидејќи ми зборуваа: „Леле колкави гради имаш, па тука има млеко“ или „Гледај како убаво цица, па дај му“. Поради тоа се изнамачивме и тој и јас. Од денот кога престанав да го дојам се чувствуваме подобро. Јас се чувствував како некој конечно ми го врати моето тело и почнав од сз пополека да се опоравувам. А на него пополека му исчезнуваа грчевите.
Четврто: Едввај чекам да почнам со работа и да имам време за себе.
Петто: И по пет месеци од пораѓањето хормоните сѐ уште ми лудуваат и не можам да се опуштам во новата улога на мајка. 
П.С. Жал ми е што не барав помош од други, не само за детето туку и за мене. Често не стигнував да јадам, а кога помошта ми стигна, ме прашуваа веднаш за детето, а не за мене. Еј! И јас сум тука…“.Во прилог ви го пренесуваме нејзиното писмо:
„Откако го добив детето, мене повеќе никој не ме забележува. Секакви совети се изнаслуша

Пронајдете не на следниве мрежи: