РЕТКО ВИДЕНА ИЗМАМА ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ: „Не ми се веруваше дека ова може да ми се случи“…

Нова приказна за измама преку сајт купи-продај. Како што тврди, овој човек е жртва на досега ретко видена измама. Прочитајте ја неговата приказна.„Работам со сајт за купувам-продавам веќе 4 години и пред некој ден ми се случи нешто што не си ни претпоставував дека ќе ми се случи.
Продавав телефон  Samsung Galaxy SIII I-9300 и ми се јави еден купувач од Лозница(град на западот во Србија). За телефонот барав. 4.000 динари (33.80 евра) бидејќи е копија. Човекот сакаше да му ја намалам цената и се договоривме за 3.500 динари (29 евра). Му објаснив каква е состојбата на телефонот- дека не работи горниот звучник, како и што напишав фер на огласот.
Купувачот рече дека нема никаков проблем, му го пратив телефонот, а кога го подигна пакетот ми остави неколку пораки на сајтот. Имав што да видам… ме навредувал, ми се заканувал со полиција…
Му реков- Во што е проблемот? Тој ми вели- Ти мене ме измами одам во полиција. Ми го пријави сајтот купувам- продавам , со објаснување дека не го добил телефонот кој го нарачал.
Со малку негодувања, бидејќи знаев што пратив, му рекол да ми го врати телефонот и ќе му ги вратам парите. Тој не одговори на пораката а сајтот Купувам-продавам ми е блокиран поради налог за измама.
Еве што се случи потоа…

 
Во понеделникот утрото ми стигна пакет од дотичниот господин. Кога го отворив пакетот на мое големо изненадување имаше парче дрво запакувано во кутија од мобилен телефон. Веднаш отидов во поштата да ја сопрам уплатата но ми рекоа дека не можам ништо да сторам.
Отидов веднаш и до полицијата- секако тие не можеа да направат ништо, направија само записник, напишаа пријава, а износот беше 3.500 динари, ми кажаа да земам адвокат и тоа беше тоа…
Профилот му останал блокиран.
Преку овој пат овој човек сака да му се врати неговиот сајт, бидејќи од тоа живее. Тој вели дека администрацијата е многу непристојна и не сака да му излезе во пресрет и сака јавно да го објави ова исто како и што ги предупредил дека ќе направи откако не ги послушале неговите молби.„Работам со сајт за купувам-продавам веќе 4 години и пред некој ден ми се случи нешто што не си ни претпоставував дека ќе ми се случи.

Пронајдете не на следниве мрежи: