Ревија „СТРИП КРЕАТОР“ Бр 18 и бр 19

Во издание на Стрип центарот на Македонија-Велес  излегоа бр 18 и бр 19 од ревијата „СТРИП КРЕАТОР“, единствено постојано стрип издание кај нас. Финансиската подршка и овојпат ја овозможи Министерството за култура на Р.Македонија,а изданијата може да се набават во стрип книжарницата „Бункер“.Издавачот ја сочува традицијата во оваа ревија да се објавуваат подобрите стрипови од странски и домашни автори, учесници на интернационалниот стрип конкурс којшто е во рамките на традиционалниот стрип салон(во месец октомври оваа година  ќе се одржи 12тиот  по ред)
Заедно со добитниците на признанија од последниот интернационален стрип конкурс , рамномерно застапеност добиваат и млади и неафирмирани стрип автори од нашата земја.Талентите како што се: Јована Велинова, Беатрис Петровска, Бојана Милчевска ,Ѓунај Абдулов, Димитриј Михајловски(којшто ја превзеде одговорноста за цртањеи и на стрип албумите за Кочо Рацин и Цар Самоил) , сценаристот Александар Стеванов …се само еден дел од создаденото мноштво на потенцијали насочени кон 9 та уметност , и доведуваат до позитивна конкуренција помеѓу домашните стип автори

Од СЦМ-Велес истакнуваат дека се свесни дека  постојана обврска на секоја организација е токму овозможување на контакти , обезбедување на услови за промоции, изложби, ревии ,едукации,  како и медиумска афирмација на стрипот.Непосредниот контакт со афирмирани дејци од земјата и странство , печатените изданија …се нешта што тие одамна го остваруваат , тисто како и  непосредните едукации преку  постојаното стрип училиште во Велес и повремените едукативни кампови .Се јавуваат и нови стрип субјекти,само од нивната работа и конструктивност зависи  нивниот успех.Македонскиот стрип центар е отворен за секаква соработка.Издавачот ја сочува традицијата во оваа ревија да се објавуваат подобрите стрипови од странски и домашни автори, учесници на интернационалниот стри

Пронајдете не на следниве мрежи: