Мили мои клети Македончиња… Знам дека ви е најлесно да плукате по се и сешто, знам дека вие сте најголемите борци, на социјални межи најчесто…Вие сте најпаметните луѓе на цел свет. Се кревaте на нозе за сите настани кои заслужуваат и не заслужуваат внимание. Во последно време живеете во филм на “мразачи” ама и тоа ќе ви го простам доколку барем малку се обидите да сфатите што сакам да кажам со ова што сум го пишувала.
Гледам во последнава недела дека сите сте заинтересирни за условите во кои живеат студентите. До сега не ги знаевте условите во кои живеат? Само студентскиот дом “Гоце Делчев” е таков? Сте ги виделе останатите студентски домови? Еве на пример дали сте го виделе “Невена Георгиева – Дуња” или повеќе познат како “Медицинар”, сте го виделе “Стив Наумов”? Да, не е лошо во студентските домови,ужасно е ! Сите сме свесни за тој факт, меѓутоа никој не ја зема вината врз себе. И кој е крив на крај за состојбата на студентските домови? – Студентите нормално. Не можи по магарето, удри по самарот.
Студент сум на Медицинскиот факултет. Многу сум изреволтирана и навредена од многуте коментари што ги прочитав по социјалните мрежи од типот на : “Штом си молчат добро им е” и “За мизерни студенти, мизерни услови”. Прво, што да кажам и кому да кажам? Лесно ви е вам од дома, од убавите ваши станчиња и куќички да кажувате. Вие можите тоа да си го дозволите, ние не. Штом живеам во студентски дом значи не сум од Скопје, а ако сте пошетале по другите градови најверојатно сте забележале дека владее голема сиромаштија и стандардот во ниеден друг град не е толку висок или барем не е од местото од коешто јас доаѓам. Луѓето таму работат за 6000 денари месечна плата. Месечните примања на моите родители се вкупно 15 000 денари. За домот плаќам 3 000, уште 1 500 трошам за храна затоа што најчесто не ми стигнуваат боновите, 500 ме чини картата кон дома и назад, 1000 давам месечно за книги,практикуми … И 1000 денари имам џепарлак за цел месец. Со 7 000 денари успевам да го поминам месецот во Скопје.
Веќе две години работам преку лето за да ги подмирам сите сметки на време. Второ, што ме прави мене мизерен студент? Точно е дека во Македонија многу лесно се добива диплома. Само не знам дали јас сум толку глупава па не знам на брзина да си ја земам дипломата или пак за кого-како… Секоја трета недела ми е колквиумска. По 5 часа на ден морам да учам, да кажиме дека по 6 часа сум на факултет, по 7 часа да спијам и кое време го имам јас за организирање протести? Да протестирам со не одење на факултет? Па по две отсуства да не добијам потпис и да ја повторувам годината? Па вреди ли?
Вреди ли моите родители уште една година од устата да одделуваат за мене заради тоа што јас сум протестирала? Велат, улицата била подобро место за живеење, па одете и живејте на улица, што чекате. Ако имате вие време, па организирајте протест,јас ќе дојдам. Скопје две недели беше во магла. Нели маглата е производ на непочитување на еколошки правила, закон има, сеуште не стапил во сила. Зошто скопјани не протестираат за да стапи законот на сила? На луѓето им е во ред да живеат во нечист град па затоа не протестираат? Зошто земјоделците не протестираат за неисплатените субвениции? Во ред им е да останат без пари? Сами се кривиза тоа? Нема врска, да не бегам од темата, само сакам да посочам, дека и милион други работи не функционираати за нив не се криви луѓете кои ги снашла неправдата, туку некој друг.
Милост…Ние студентите молиме за милост.Најправин кој можи да ни помогни, нека го стори тоа, кој не може, нека не не напаѓа. Секој од нас, што живее во студентски дом да имаше барем по 3000 денари месечно повеќе, немаше да ја трпи оваа мизерија, ама нема… Замислете како им е на нашите родители што не оставиле да живееме таму, не можеле да си дозволат повеќе… Не бидете борци пред компјутер, сторете нешто,нешто на што ќе бидите горди, помогнете ни.
На крајот, само оние кои живеат или живееле во студентски дом ќе ме разберат, пак оние кои не виделе беда,кои се кријат по фините станови и оние кои избегале надвор од Македонија ( можеби и со право ), пак ќе ме критикуваат за напишаното,ќе ме плукаат и навредуваат, а мене не ми останува ништо друго,освен да се потрудам, соодветно да се образувам, со средствата кои ми се на располагање и да си обезбедам себе светла иднина, надевајќи се дека ќе биде многу посветла од мојата студентска соба.
Оваа колумна е пратена од страна на анонимна студентка до редакцијата на Пулс24.Вие сте најпаметните луѓе на цел свет. Се кревaте на нозе за сите настани кои заслужуваат и не заслужуваат внимание. Во последно време живеете во ф