Од ден на ден се поголем број граѓани го искажуваат својот револт од обидот да се прикажат како фантомски гласачи. Велат со децении живеат на истите адреси и на секои избори без никаков проблем гласале, па оттука не им е јасно зошто се наоѓаат, како што велат, на Списокот на фантоми и потребно е да се докажуваат.-Се собравме да изразиме револт како граѓани од Гевгелија кои сме прогласени како фантомски гласачи. Погодени сме од вршењето на теренските активности од ДИК бидејќи во Гевгелија, а и во Македонија не постојат фантомски гласачи. Лично јас гласам повеќе од 35 години и за мене ова е зачудувачки затоа што навистина досега имав право на глас, а сега треба да направат проверки за да бидам редовен гласач во избирачкиот список.
-Кај нас во зграда половина од станарите се пишани како фантомски гласачи, револтот е голем. Сите сме околу 40 години станари во истите станови.
-Секој пат сме биле на списокот на гласање и за мои 60 години не сум пропуштил некое гласање. Срамота е ова што ни се случува.
-Јас сум 38 години и 20 години гласам во овој суд и сега се наоѓам на некоја фантомска листа што за мене е чудно и треба да се искажам пред ДИК дали јас навистина постојам или не постојам, реагираат граѓаните од Гевгелија кои се нашле на списокот.
-Од граѓанин на Република Македонија, роден во Прилеп ме прават фантом на триесет и некоја година. На сите избори ме имало на список. Фантом – жив здрав прав, вели прилешчанец.
-Гледам на Интернет објавен сум во тој фантомски список дека сум непостоечки гласач. Јас тоа го негирам и со сигурност тврдам дека веќе 39 години живеам на истата адреса во фамилијата, реагира жител на Прилеп.
Граѓаните веќе со денови реагираат откако беше објавен списокот со луѓе кои СДСМ ги прогласувале за фантомски гласачи, па веќе е јасно дека се распадна целата конструкција и манипулација на Зоран Заев и неговата партија во обид да ги оправдаат 10-те изборни порази.
Јавноста дозна дека на списокот на фантомски гласачи се наоѓаат и Јани Макрадули, Гордан Георгиев, Мирјана Најчевска, Благој Ханџиски, сестрата на Радмила Шекеринска, Лилјана, Фиат и Сефер Цановски, Дарко Давитковски од СДММ, новинарите Ерол Ризаов и Ида Протуѓер, сестрата на Катица Јанева и таткото на портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска. На листата фантоми се појави и пратеникот Павле Трајанов, кој воедно е и поранешен министер за внатрешни работи и претседател на Демократскиот сојуз.
Веднаш по објавувањето на списокот на ДИК им стана јасно и на најголемите поборници за овие апсудрни и смешни тези дека списокот со т.н. фантомски гласачи е преполн токму со членови, функционери и поддржувачи на СДСМ.
Дека фантомските гласачи не се реална слика, туку манипулација и конструкција на СДСМ во обид за добивање ситни политички поени, но и начин да се оправдаат изборните порази, потврдува и решителноста на ВМРО-ДПМНЕ доколку е потребно да бидат проверени сите 2 милиони граѓани.-Се собравме да изразиме револт како граѓани од Гевгелија кои сме прогласени како фантомски гласачи. Погодени сме од вршењето на теренските активно