Со оглед на големата количина различни информации кои секојдневно се објавувааат на интернет, невозможно е да се дознае кои од тие информации се вистинити, а кои се само лажни гласини.Ваквите информации често се проблем, не само за читателите , туку и за блогерите и новинарите кои исто така некогаш не се сигурни дали некои информации кои имаат намера да ги користат во своите текстови се веродостојни или не. За да им помогне на читателите и новинарите во препознавањето на лажните вести и гласини од вистинските, компјутерскиот оддел на факултетот Велеслеј неодамна објавил интерактивна веб алатка „Trails“ кој го следи ширењето на вестите на Твитер.
Оваа алатка ги следи информациите се до нивниот извор – што значи, кој прв објавил одредена информација, кога и како тие се рашириле на социјалните мрежи и интернетот, дали тие и понатаму се шират и со која брзина, кој повторно ја објавува и шири таа вест, дали се објавени деманти за тие информации и кој се главните актери на веста која се следи.
Trails на корисниците им дава на увид важни категории при следењето на информациите – брзината на ширењето на тие вести и „ниво на скептицизам“, односно вројатност дали таа информација е вистинита.
По почетните тестирања, оваа алатка се поажала како успешна па се покажало дека, и покрај некои гласини и лажни информации кои стигнале на насловните страни на најчитаните портали и весници, повеќето лажни гласини не се шират со иста брзина со која се шират вистинските информации.
Светскиот економски форум како еден од пердизвиците за оваа година ја нагласил токму брзината на ширењето на лажни информации преку интернет, но при тоа напоменале дека Твитер е всушност најдоброто место на кое лажните информации можат да се демантираат.Ваквите информации често се проблем, не само за читателите , туку и за блогерите и новинарите кои исто така некогаш не се сигурни дали некои информ