РЕВОЛУЦИЈА ВО ЛЕКУВАЊЕТО: Научниците исклучиле протеин кој предизвикува рак!

Веќе подолго од 30 години, научниците не успеале да го „исклучат“ протеинот познат како Рас, кој е одговорен за 30% од сите случаи на појава на рак.Овој протеин индиректно е вклучен во сите облици на таа болест. Меѓутоа, сега истражувачите од Универзитетот во Торонто откриле начин како да го деактивираат со употреба на експериментален лек.
Во нормални околности, Рас предизвикува раст на клетките, но овој протеин исто така предизвикува и нивен неконтролиран раст, со што претставува клучен играч во многу облици на рак, а во случај на рак на панкреасот игра дури 90% улога.
Професорот Мајкл Оу од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Торонто и неговите колеги, открија друг протеин наречен СХП2, којшто е ефикасен при „исклучувањето“ на Рас.
Работејќи заедно со истражувачите од Универзитетот во Индијана, тие заеднички го тестирале тој инхибитор на глувци со глиобластома, којшто е најчест агресивен вид на рак на мозок.
„Резултатите беа неверојатни. Се шокиравме, ништо досега не покажа вакви ефекти“, изјавил професор Оу.
Истражувањето е објавено во стручното списание „Nature Communications“.
Следниот чекор на тимот од Торонто ќе биде соработка со хирурзи специјализирани за канцер на Универзитетот во Северна Каролина, со што би лекувале глувци со тумор на панкреас. Ако СХП2 како ефикасен, истражувачите врз основа на тие резултати ќе бараат одобрение за клинички испитувања на луѓе.Овој протеин индиректно е вклучен во сите облици на таа болест. Меѓутоа, сега истражувачите од Универзитетот во Торонто откриле начин како да го де

Пронајдете не на следниве мрежи: