Револуционерно откритие: Луѓето не еволуирале на Земјата, а болките во грбот се клучен доказ за тоа!

Според контроверзната книга која ја напиша признат заштитник на животната средина и еколог д-р Елис Силвер, луѓето не еволуирале заедно со другите облици на живот на Земјата.

Всушност, човештвото вооопшто не настанало од тој вид на живот, туку еволуирало на друго место па е префрлено на Земјата (како целосно развиени хомо сапиенси) помеѓу 60.000 и 200.000 п.н.е.
Што ако трагаме по вонземјански живот не знаејќи дека ние сме вусшност вонземјани на Земјата?
Американскиот еколог Елис Силвер во својата нова книга тврди дека луѓето не потекнуваат од Земјата, туку дека биле донесени тука од страна на вонземјани пред повеќе од десетици илјади години.
Тој истакнува и низа на физиолошки карактеристики кои според него се доказ дека луѓето еволуирале на некоја друга планета. Меѓу неговите докази се проблемите со грбот, што би можело да биде заради еволуција на планета со послаба гравитација, а чувствителноста на кожата на Сонцето и тешкото породување исто така ги смета за сигнали за вонземјанско потекло.
Авторот наведува и дека, иако планетата главно ги задоволува нашите потреби, таа не им служи на интересите на човековиот вид, но и на вонземјаните кои нѐ довеле овде.
Во книгата „Луѓето не се од Земјата: Научна анализа на докази“, авторот ги истакнува недостатоците на луѓето кои се јасен знак дека доаѓаме од некој друг свет.
„Човековиот вид се смета за најразвиен вид на планетата, но луѓето се изненадно лошо опремени за живот на Земјата – им штети Сонцето, не поднесуваат многу хранливи работи од природата, постои висока стапка на хронични болести…“ – кажа Силвер за Yahoo и додаде дека нема друг вид на Земјата кој има толку тешко проодување како човечкиот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.