Милиони луѓе ширум планетата живеат со значително ослабена срцева функција и затајување на срцето – состојби за кои досега немало лек. Но, тим научници од Оксфорд и Укла, покренале револуција во каридологијата која ќе ги смени работите!Тие смислиле третман кој ќе го поттикне срцето да зацели по инфаркт и да закрепне како од шега! Иако ова звучи како научна фантастика, со вистинскиот поттик, срцевиот мускул може многу брзо да се обнови сам од себе и тоа на природен начин.
Академските експерти сега работат на забрзување на овој процес со помош на еден протеин, а очекуваат дека нивното откритие ќе доведе до потполно нова генерација лекови за кардиоваскуларни заболувања.
Чисто да појасниме, до застој на срцето доаѓа по инфаркт на миокардот, кога срцето станува сѐ послабо и неспособно да „пумпа“ крв до организмот. За жал, четвртина од пациентите кои добиле дијагноза на ослабена срцева функција, починале во рок од пет години и навистина постојат мал број медицински третмани или операции кои можат да го забават или да го запрат овој дегенеративен процес.
Во своите експерименти во лабораторија, научниците откриле дека по срцевиот удар, срцето по природен пат тргнува само да зацелува и да оформува нови лимфни садови кои се клучни за транспорт на мртвите клетки и бактерии, а со самото тоа и репарација на срцето. Меѓутоа, природно овој процес е толку бавен, што најчесто не доаѓа до заздравување сѐ додека не биде доцна за остатокот на организмот.
Сепак, овој процес е можно да се забрза со мала помош на протеинот со име ВЕГ ГЦ. Научниците се надеваат дека многу брзо ќе успеат да развијат протеинска терапија, која би го поттикнала срцето во потполност да заздрави во најкус можен рок.
„Докажавме дека кај пациентите коишто доживеале инфаркт, може да се дојде до фантастични резултати со вистинскиот стимуланс. Со помош на овој протеин се активира лимфниот систем, кој го тера срцевиот мускул да зацели. Притоа, секоја направена штета од инфарктот се сведува на минимум, а функцијата на пумпање крв се подобрува во значителна мера“, рекол оксфордскиот професор Пол Рајли.
Неговата колешка од Укла, Линда Клоц, смета дека добиените наоди за важната улога на лимфниот систем, претставуваат огромен и возбудлив чекор кон иднината на регенеративната медицина, кој ќе овозможи откривање на механизмите како по траума да зацелат и останатите органи.Тие смислиле третман кој ќе го поттикне срцето да зацели по инфаркт и да закрепне како од шега! Иако ова звучи како научна фантастика, со вистински



