РЕВОЛУЦИОНЕРНО ОТКРИТИЕ: Отров од бразилска оса успешно ги убива канцерогените клетки!

Според истражувањата спроведени од проф. Марио Палма од Државниот универзитет во Сао Паоло, отровот на бразилската оса има потенцијал да ги убива клетките на ракот, притоа да не им предизвика никаква штета на здравите клетки.Неговото истражување откри дека еден специфичен вид на оса, односно осата Polybia paulista, го има соодветниот отров за оваа задача. Токсинот кој го произведува оваа оса е наречен Polybia-MP1.
Во списанието Biophysical Journal, на 01.09.2015 година беше објавено истражувањето во кое се открива како токсинот MP1 селективно ги напаѓа болните клетки.
MP1 започнува да дејствува со липидите кои се наоѓаат на површината на клетките на ракот, со што се формираат дупки преку кои истекуваат корисните молекули, исклучително неопходни за неговото функционирање. Ова откритие го означува почетокот на новата класа лекови за терапии кои ќе се фокусираат на липидите на клеточната мембрана. На овој начин, формациите на ракот  ќе бидат нападнати од многу и од различни места истовремено, што ќе ја зголеми ефикасноста на третманот. Ова го тврди еден од авторите на студијата Пол Биелс од британскиот универзитет Лидс.

Токсинот MP1 е моќно средство против патогени бактерии, бидејќи ги уништува клеточните ѕидови, а антимикробните пептиди може да се користат за запирање на растот на клетките на туморот во мочниот меур и простата кај луѓето.
Најважно откритие е дека токсинот на бразилската оса ги убива само канцерогените клетки. Тимот научници коишто стојат зад истражувањето, откри дека во здравите клетки постојат два типа на фосфолипиди кои се насочени кон внатрешноста на клетката, додека кај ракот овие липиди се наоѓаат од надворешната страна на мембраната и се насочени нанадвор кон средината која ги опкружува.
Научниците направиле експеримент во кој користеле вештачки мембрани и ги нападнале со токсинот MP1, при што за само неколку секунди се отвориле пори кои им овозможиле на молекули на РНК и важни протеини да протечат од клетката.
Во моментов, тимот од научници кои се занимаваат со различни експерименти и студии на структурата на пептидите, се надеваат дека со учењето на механизмите ќе се создадат многу ефикасни лекови за борба против оваа подмолна болест и тоа во блиска иднина.
Најважно е дека пептиди ги селектираат клетките на ракот, а за нормалните и здрави клетки не се токсични. Сепак, потребни се уште доста истражувања додека да се создаде препарат од новата генерација кој успешно ќе се бори против канцерот.Неговото истражување откри дека еден специфичен вид на оса, односно осата Polybia paulista, го има соодветниот отров за оваа задача. Токсинот кој г

Пронајдете не на следниве мрежи: