РЕВОЛУЦИОНЕРНО ОТКРИТИЕ: Овие гаќички ќе го сменат светот!

Месечниот циклус е природен дел од животот на секоја жена, па во таа прилика жените посегнуваат по различни начини за да ги пребродат овие денеови од месецот со употреба на влошки или тампони.Но, хигиенските навики за време на менструалниот циклус се различни, ако се земе в предвид и стигматизацијата која постои во некои делови од светот. На пример, некои девојки од Уганда пропуштаат околу 11% од наставата поради своите месечни циклуси, што е забележано во извештајот на организацијата SNV од 2013 година.
Но, сето ова ќе биде дел од минатото, благодарение на три жени кои ги здружиле силите и создале нешто навистина фантастично. Близначките Рада и Мики Агравал, заедно со нивната пријателка Антонија Дунбар, креираа долна облека со апсорбирачка моќ што ја елиминира потребата за влошки и тампони.
Нивните патентирани гаќи со име THINX QuadTECH, има четири слоја. Првиот ја отстранува влажноста, вториот слој е антибактериски и отпорен на дамки.Третиот е апсорбирачки слој кој ги има својствата на една влошка и може да собере од 2 до 6 лажици крв, на крај доаѓа последниот слој кој не пропушта течности.
Овие супер-гаќички доаѓаат во три варијанти, кои се препорачуваат за различни делови од циклусот, по цена од 24 до 34 долари. Истите можат да се перат во машина со ладна вода (иако се препорачува рачно да се исплакнат пред тоа).

„Жените во нашата култура не сакаат многу да зборуваат за менструалниот циклус, бидејќи повеќето мислат дека тоа е грозно,“ изјавила за Мики Агравал за „Форбс“ и додала:
„Сакам да ја сменам културата поврзана со она што е нормален дел од месецот и тоа не преку носење на влошки со кои се чувствувате како да носите пелени“.
Овие три жени сакаат и да им помогнат на жените во земјите во развој, кои се погодени од недостиг на санитарни производи и се срамат од својата менструација. Затоа, тие соработуваат со AFRIpads – невладина организација од Уганда која дистрибуира влошки за повеќекратка употреба на жени кои имаат потреба од нив. За секој пар купени гаќички, THINX ќе донира средства за седум влошки за повеќекратка на AFRIpads.
Но, хигиенските навики за време на менструалниот циклус се различни, ако се земе в предвид и стигматизацијата која постои во некои делови од светот

Пронајдете не на следниве мрежи: