Скопски филмски фестивал и Вип оператор со задоволство соопштуваат дека денешен гостин на прес конференција беше светски познатиот ирански режисер Мохсен Макхмалбаф, кој се смета за еден од највлијателните светски филмски режисери на денешницата и еден од основоположниците на новиот бран во иранската кинематографија.Покрај него, гостин на денешната прес конференција на фестивалот беше и Шахла Нахид, филмски критичар, новинар, познавач на иранската кинематографија, која работи во Париз.
На програмата на фестивалот на 19 април беше прикажан неговиот нов филм „Претседателот“.
Одговарајќи на новинарски прашања, режисерот Макхмалбаф рече дека верува во уметноста, особено филмовите и нивната силна моќ да направат промени во општеството.
– Верувам дека уметноста, особено филмот може да ги проемни работите на подобро. Филмот ни помага да се разереме како различни нации, како различни култури, освен тоа, филмот ни помага подобро да се разбереме во однос на семејните, пријателските односи. Всушност, улогата на филмот е да се менува културата, затоа што ако нема промени во културата, нема да можеме да оствариме ниту една општествена цел. Јас доаѓам од регион со многу општествени проблеми врз кои може да се влијае, а имаме многу проблеми: фундаментализмот, женските права, економските проблеми, глад, недостаток на образование, во Иран имаме голем број политички затвореници, многу луѓе умреа во затворите, ако не можеме да направиме нешто за да се реѓат овие работи, тогаш што е целта на филмовите? Не ги разбирам оние луѓе што велат – јас правам филм само за себе, не целта на филмот е да биде општествено ангажиран. Во текот на изминатите 5 години имавме многу револуции, во Сирија, во Египет, во Либија, Тунис, претходно имавме револуции во Ирак, Иран, Авганистан.
Во изминатите 5 години загинаа повеќе од 500 000 луѓе заради диктатурите и револуциите, а немаме ниту 5 добри филмови за тие теми. Треба да се направи филм што ќе покаже како дошло до овие настани, рече Макхмалбаф.
Тој потсети и на неговиот филм „Алфа азбука“ кој овозможил образование за половина милион деца.
Шахла Нахид говореше за феноменот на новиот бран во иранската кинематографија.
– Го следам новиот бран во иранската кинематографија веќе 25 години, тој започна со филмот „Крава“ во 1967 година. Две годии откако Хомеини дојде на власт , речиси се’ беше забрането, но филмските автори наоѓаа најразлични начини да ги кажат своите приказни и станаа препознаени на значајните светски фестивали, еден од најзаслужните е секако Мохсен Макхмалбаф со неговите филмови, но и со неговата филмска школа, рече таа.
Режисерот Макхмалбаф попладнево одржува мастер класа во Кинотека на Македонија.
Покрај него, гостин на денешната прес конференција на фестивалот беше и Шахла Нахид, филмски критичар, новинар, познавач на иранската кинематографи