Резултат од посетата на Груевски во Крушево: Низа инвестиции во инфраструктурата и културата

При вчерашната посета на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на крушевското село Бучин, беше посетена спортската сала која се гради во ова село, што е прва инвестиција во спортот по 50 години.Во завшрна фаза е регионалниот пат Кривогаштани, Обршани и Воѓани за што се инвестираат 1.3 милиони евра, но на барање на граѓаните ќе се почне и патот Бучин Вашарејци, Ивановци, Трновци, за кој министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски рече дека ќе биде готов до крајот на годината што наиде на одобрување од страна на жителите кои посочија дека ќе им се реши значаен проблем.

Груевски како дел од својата набиена агенда, го посети и Крушево каде изврши увид во изградбата на канализационата мрежа вредна 200 илјади евра, која ќе се одвива во повеќе фази.

Крушево предничи и на мапата на туристите, чиј број постојано се зголемува, а особена атракција претставува меморијалниот споменик на Тоше Проески.

Стотици крушевчани го пречекаа Груевски на плоштадот во Крушево, со кои оствари средба и разговараше на различни теми.

Беше извршен и увид на изградба на плоштадот на кој се работеше во градот Крушево, а за кој се издвојуваат околу 4 милиони денари од страна на општината.

На крај Груевски ја посети и обновената Галерија на Никола Мартиновски во Крушево. За реновирањето на оваа галерија издвоени се средства во висина од еден милион и 200 илјади денари, а за реновирањето на фасадите на автентичните крушевски куќи се издвоени средства во висина од 2 милиони и 300 илјади денари преку министерството за култура.Во завшрна фаза е регионалниот пат Кривогаштани, Обршани и Воѓани за што се инвестираат 1.3 милиони евра, но на барање на граѓаните ќе се почне и п

Пронајдете не на следниве мрежи: