Македонски Телеком АД-Скопје има водечка позиција на пазарот во фиксни говорни услуги во првите шест месеци од 2017 година, покажуваат неревидираните финансиски извештаи согласно Меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ).Приходите од продажба во првите шест месеци од 2017 година изнесуваат 4.967 милиони денари, што претставува намалување за 2,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година.
Нето добивката за првите шест месеци од 2017 година е зголемена за 136 отсто во споредба со истиот период од претходната година, што резултира во нето добивка од 611 милиони денари.
На крајот од првите шест месеци, Македонски Телеком има 59,1 отсто пазарно учество во сегментот на фиксна телефонија и удел од 46,5 отсто во делот на широкопојасниот интернет, согласно интерните податоци. Иако приходите од говорните услуги во фиксната телефонија се намалени за 11,8 отсто споредено со истиот период од 2016 година, со бројката од 212 илјади корисници Македонски Телеком ја задржа водечката позиција на пазарот на фиксни говорни услуги.
Приходите од малопродажен интернет и дигитална телевизија преку интернет протокол или IPTV на крајот од првите шест месеци од 2017 година се зголемени за 1,9 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Базата на DSL корисници бележи благо зголемување од 0,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година и изнесува 189,6 илјади претплатници на широкопојасен интернет.
Македонски Телеком во првите шест месеци од 2017 година оствари добри резултати со дигиталната телевизија, односно IPTV услугата. Бројот на корисници постојано се зголемува, што резултира со база од 112,4 илјади корисници на IPTV на крајот од првите шест месеци или зголемување од 6,6 отсто во споредба со истиот период од 2016 година, со што Македонски Телеком има 26,9 отсто удел од вкупниот ТВ пазар, според интерните проценки.
На пазарот на мобилната телефонија, компанијата има удел од 48,6 отсто според интерните податоци. Приходите од говорни мобилни услуги на крајот од првите шест месеци од 2017 година се намалени за 3,5 отсто во споредба со истиот период од претходната година, главно како резултат на намалените цени на националниот дојдовен мобилен сообраќај во терминација, комбинирано со зголемениот обем на сообраќај, како и на намалениот обем на меѓународен дојдовен сообраќај во терминација, компензирано со зголемувањето на приходите од пост-пејд. Приходите од неговорни услуги пак, се зголемија за 27,2 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен интернет и поголем податочен сообраќај, како и од зголеменото користење на податочни тарифни модели.Приходите од продажба во првите шест месеци од 2017 година изнесуваат 4.967 милиони денари, што претставува намалување за 2,4 отсто во сп