Рибите без партнерот се како без мозок, Водолиите имаат фобија од врзување…

Сите би сакале да бидат сакани и исполнети во врската, но не е така секогаш. Прочитајте што вели хороскопот за тоа како вашиот знак се соочува со самотијата!Овен
Овенот е изразено независен знак и нема потреба да се скраси покрај една личност. Не сака ограничувања, бидејќи е роден лидер и сака самиот да ги влече конците. Кога е сам, тој го живее животот според сопствените правила, бидејќи прави апсолутно сѐ што сака и супер му е што не мора на никого да му положува сметки.
Бик
Самостоен и независен, Бикот има цврста волја и сака да прави сѐ според замисленото. Неописливо му оди на нерви додколку некој друг се обидува да му го расипа планот. Кога е долго сам па влегува во врска, знае да биде исплашен бидејќи е доследен, затоа тешко му паѓа кога се менуваат работите. Како што му е стресно кога ќе влезе во врска, исто така е потресен ако дојде до разделба.
Близнаци
Ова е енергичен и импулсивен знак со немирен дух. Близнакот не поднесува да биде врзан и врската брзо знае да му здосади, па дури иако е најсовршена. Тој е повеќе за средби без обврска и секс комбинации, отколку за сериозна и посветена врска.
Рак
Комлициран спој на личноста. Од една страна, независен е и не му е проблем да биде сам. Од друга страна, кај него се јавува голема потреба некој да се грижи за него, да го поддржи и да има со кого да ги сподели проблемите.

Лав
Иако се гордее со тоа што е независен, таа самостојност го копка од две причини. Прво, бидејќи е многу горделив и суетен знак, па потребно е некој да го врзе за себе. Второ, тој ужива во пофалби и восхитување, па му треба некој којшто постојано ќе му зборува дека е најдобар и најпрекрасен, но и дека никој не е како него.
Девица
Интересна, но и многу сложена личност. Кога ќе остане сама, таа ги анализира и најситните детали од предностите во нејзиниот соло живот. Кога ќе реши да го смени својот емотивен статус, тогаш во својата глава до најситен детаљ размислува што би можело да тргне кон лошо во новата врска. Многу ѝ е тешко да пронајде идеален партнер.
Вага
За неа самотијата е само фаза. Таа е независен мислител, но ги обожува луѓето и затоа секогаш ќе се определи да има некого крај себе отколку да биде сама. Вагата единствено може да напредува ако некој постојано ѝ се восхитува.
Скорпија
Колку што е амбициозна, толку е и сомничава. Потребно е многу време за некој да ја освои нејзината доверба, но во тој случај е многу верна. Сепак, таа е повеќе за повремени средби отколку за врска, бидејќи во суштина е осаменик којшто ужива да живее според сопствените правила.

Стрелец
Многу ги сака луѓето, но мрази да се посветува. Копнее по слобода и авантура, па ако неговата половина не може да му ги овозможи овие две нешта, радо ќе ја избере самотијата отколку гушењето во врската. Сосема му е во ред да остане и без партнер, бидејќи во осаменичкиот живот се снаоѓа како риба во вода.
Јарец
Недоверлив, но и многу внимателен. Бидејќи е свесен за своите способности, не му се неопходни пофалбите и восхитувањето од страна на партнерот. Кога знае кој е и што може сам, на Јарецот не му претставува проблем така и да остане до понатаму.
Водолија
За неа би можело да се рече дека има фобија од врзување. Позната е по тоа што никому не се предава до крај и држи дистанца дури и со личноста којашто најмногу ја сака. За неа слободата и независноста се главни приоритети во животот, така што многу успешно ќе знае да живее и да ужива во својот самотен живот.
Риби
На овој знак му е неопходно да биде во пар. Кога не е во врска, емотивната состојба на Рибата се нарушува. Бидејќи е хиперсензибилна и сака да се сожалува, таа е во постојана потрага по партнер којшто ќе знае како да ја утеши и да ја мотивира. Кога би можела, таа брзо би сакала да стапи во брак и да остане со една личност до смртта. Овен
Овенот е изразено независен знак и нема потреба да се скраси покрај една личност. Не сака ограничувања, бидејќи е род

Пронајдете не на следниве мрежи: