Снегот во земјава и на југоистокот продолжува да создава проблеми на граѓаните, а посебно на учесниците во сообраќајот поради непроодните патишта и улици во Струмица и струмичко. Од синоќа југоистокот повторно е зафатен од нов бран на снежни наноси кои ги покрија улиците во Струмица и околните села. Голем дел од улиците во градот се уште се непроодни, замрзнати и неисчистени. Состојбата во поодалечените струмички села се уште е алармантна.Околку 500 жители, колку што има населеното место Рич веќе петти ден се заробени во своите домови. Освен со теренско возило не можат да стигнат до градот да си ги купат потребните намирници и да си ги завршат обврските.
Иако се јавиле да побараат помош кај надлежните, камионот кој дошол да исчисти стигнал само до село Попчево, не и до Рич.
-Нема дојдено никој, ниту од општината да прашаат. Патот е непрооден. Продавници има ама не можат да одат да земат роба од Струмица. Никој не дошол, ни од општината да не прашаат како сме, само доаѓаат за гласови, вели жителка на струмичко Рич, во телефонски разговор за Телеканал А1.
Поради неповолни временски услови , синоќа умрел жител на селото, а неговите соселани објаснуваат дека поради непроодниот пат не можело да дојде возило на Брзата помош.
Жителите на Рич ја губат секоја надеж дека ќе дојде некој да им помогне, а стравуваат и како ќе ги поминат и останатите зимски денови ако се уште се соочуваат со нерасчистениот снег и непроодните патишта.Околку 500 жители, колку што има населеното место Рич веќе петти ден се заробени во своите домови. Освен со теренско возило не можат да стигнат до