РИГОРОЗЕН ЗАКОН НА ДАНСКА: Заплена на накитот на бегалците за покривање на трошоците!

Данска даде предлог-закон во неделата, со кој се предвидува конфискување на накитиот на бегалците со цел „да се покријат одредени трошоци“, објави шведската СТВ.Министерот за правда и миграција Сорен Пинд, минатата недела го одбрани овој потег за време на гостувањето во шведската телевизија, велејќи дека: „Со овој начин би се покриле дополнителните трошоци кои ги создаваат мигрантите во земјата“.
Од друга страна, Пинд подвлече дека свадбените или вереничките прстени, часовниците и мобилните телефони нема да бидат конфискувани, но сите предмети со вредност над 300 евра би можеле да бидат запленети од страна на владата.
И додека овој закон налета на критики во Данска и Шведска, полицијата се обидува да утврди како ќе се спроведува.
Данска се стекнува со лоша репутатија во Европа, посебно откако оваа земја промовираше антибегалска кампања во септември и го прекина железничкиот сообраќај што води кон земјата.
Според данското Друштво за Миграција (ДИС), бројките прикажуваат зголемена застапеност на бегалци во демографијата. Скоро двојно е зголемен бројот на бегалци коишто побарале азил во 2014 во однос на 2013 година, со бројки од 7.557 баратели на азил до неверојатен скок од 14.815. На групата од 14.815 баратели на азил минатата година, само на помалку од половина им бил дозволен бегалски статус, со вкупна бројка од 6.110. Двете најголеми групи бегалци коишто побарале азил во Данска се од Сирија и Еритреја.
Надлежните институции предупредуваат дека бегалскиот бран може да отвори можност за криминалните групи во Данска. Криминалните групи заработуваат голема сума на пари помагајќи им на бегалците за време на нивното патување низ Европа.
Данската полиција неодамна има спроведено повеќе акции во кои беа уапсени лица поради криумчарење на луѓе.Министерот за правда и миграција Сорен Пинд, минатата недела го одбрани овој потег за време на гостувањето во шведската телевизија, велејќи дека: &

Пронајдете не на следниве мрежи: