Силното невреме што ја зафати скопската котлина е природна катастрофа која е тешко предвидлива за човечкиот фактор, смета д-р Пеце Ристевски, експертот по климатологија и применета метеорологија.Тој вели дека станува збор за природна катастрофа во која за кусо време на една мала територија падна голема количина на врнежи.
Според него просекот за врнежи на дожд во месец август изнесува од 30 до 40 литри на метар квадратен за еден месец,а во невремето кое го зафати Скопје само за 2 часа наврнало повеќе од 90 литри на квадрат. Тоа е големо количество на дожд и е врзано со природата на процесите што се случија.
-Станува збор за големо количество на вода и тоа е природна катастрофа со несогледливи последици. Во последно време во ерата на климатските промени и Меѓународниот панел за климатски промени зборува дека и природните катастрофи ќе бидат позачестени. Ќе има и суши и поплави и разорни ветрови и други катастрофи кои ќе влијаат врз човековите животи и материјалните добра. Меѓународниот панел за климатски промени дури во 6, 3, 4 и 5 извештај имаат дадено дека нема да се јави само глобално затоплување туку ќе има и зачестени природни катастрофи кои ќе бидат големи во наредниот период заради влијанието на CO2 и елементите на стаклената градина, рече Ристовски.
Тој посочи дека УХМР даде предупредување дека ќе се јават бурни процеси со локални влијанија, меѓутоа интензитетот на врнежите не можел да се предвиди затоа што недостасува аеролошка станица.Тој вели дека станува збор за природна катастрофа во која за кусо време на една мала територија падна голема количина на врнежи.
Според нег