Бројот на туристи постојано е во пораст, а според објавените статистички податоци во јануари и февруари бележи зголемување од над 13%. Според очекувањата, бројката ќе се зголемува и во екот на туристичката сезона, до сега нема откажување од ниту еден тур оператор, вели за РСМ, Билјана Пејкоска Ристеска, извршен директор на Стопанската комора за туризам. Според неа, најзаслужни за се поголемиот број посети се вложувањата во Владата во инфраструктурата, субвенциите за тур операторите, и за нискобуџетните авио компаниии.
Од годинава имаме 37 директни авиолинии со европксите метрополи, така што може да се очекуваат туристи од овие земји.
Според статистиката, најпривлечен за странците е Скопје, тој и натаму е најпосетуван град. Веднаш зад него е Охрид.
-Изградбата на патишта придонесе да се посетуваат и некогаш недостапните места, како на пример најстариот манастир во Зрзе, сите знаевме дека е најстар во Европа, но не знаевме како изгледа, затоа што немаше пат. Но, со изгрдбата на локалниот пат до овој манастир, веќе имаме редовни тури и не само домашните, туку и странските гости можат да го посетат и да уживаат во културни историските убавини кои ги има во излобилие нашата земја, додава Рисетеска.
Според неа, политичката криза има влијание е врз бројот на посети, така што стапките наместо со двоцифрен раст, се уште се едноцифрени, но очекува скора разрешница и надминување на ланскиот број туристи.Според неа, најзаслужни за се поголемиот број посети се вложувањата во Владата во инфраструктурата, субвенциите за тур операторите, и за нискобуџет