Министерството за образование и наука и за учебната 2015/2016 година ќе избира најдобра училишна веб страница. Конкурсот е веќе објавен. Сите основни и средни училишта ќе можат да аплицираат до МОН најдоцна до 31 мај 2016 година.Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека овој натпревар е одлична можност за филтрација на најдобрите и најкреативните ученици од сите училишта и стимул за развој на креативноста кај учениците.
-Поседувањето на квалитетни информатичко-технолошки вештини е еден од клучните фактори за личен развој на секој поединец, за успешен настап на пазарот на трудот и за постигнување на висок професионален дострел во современото општество базирано на знаење и информатички технологии. Затоа зголемувањето на креативниот и иновативен потенцијал на учениците преку примена на компјутери, компјутерски алатки и програми е еден од приоритетните заложби на МОН, истакна Ристовски.
Училиштата апликациите ќе ги поднесуваат до МОН на улицата „Св. Кирил и Методиј“ број 54 со назнака „ Избор за најдобра училишна веб страна“. Апликацијата треба да содржи и пополнети образци кои може да се обезбедат на веб страната на МОН како и да ја содржи изработената веб страна на ЦД или ДВД.
-Веб страната треба да биде изработена од редовните ученици во училиштето, предводена од најмалку еден наставник и при тоа, не е дозволиво користење на готов урнек. Веб страната може, но не мора да биде поставена на интернет, рече Ристовски.
Заменик министерот упати апел до сите ученици да бидат дел од овој натпревар и додаде дека најдобрите веб страници ќе ги избере МОН во соработка со Бирото за развој на образованието и МИОА, а за најдобрите веб страни училиштата ќе добијат интерактивни училишни табли.Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека овој натпревар е одлична можност за филтрација на најдобрите и најкреативнит