Во делот на основното и средното образование, фактот што последен пат пред нашиот мандат, пред 2006 година, не се помни кога е изградено новото училиште, беше причина да инвестираме речиси 50 милиони евра за изградба на 74 нови училишни објекти и за санација и реконструкција на приближно 400 постојни, истакна Спиро Ристовски на денешната прес-конференција.-Само во изминатите, без малку 2 години изградивме 14 нови објекти и реконструиравме 50 училишта. Би сакал да најавам дека до крајот на годината, согласно акцискиот план ќе започне да се градат нови 6, а 2 ќе бидат веќе завршени, истакна Ристовски.
Потсети и дека е изградена 51 училишна спортска сала во вкупна вредност од 25 милиони евра.
-13 од нив се изградени во последните 2 години. Дополнително, 9 се во фаза на градба, а уште 9 ќе започнат да се градат во втората поливина на оваа година. Тоа е инвестиција со која досега се подобрија услови за спорт и рекреација на повеќе од 40.000 ученици, но и за жителите од населбите, односно местата во кои што тие живеат. Ова придонесе за развој на училишниот спорт, на рекреативниот, но и на професионалниот, додаде Ристовски.-Само во изминатите, без малку 2 години изградивме 14 нови објекти и реконструиравме 50 училишта. Би сакал да најавам дека до крајот на годината, с