Ристовски: Катица Јанева го загуби професионалниот кредибилитет

Катица Јанева шести ден се крие и не коментира ништо околу срамната и скандалозна одлука да се повлече од предметот „Пуч“ и директно да се стави во заштита на аболицираниот Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
 Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Го нема ниту Зоран Заев, да побара преиспитување на одлуката, укинување на аболицијата и враќање на предметот во суд каде ќе се докаже дали е одговорен за криминалот или не.
Додека Катица Јанева и Зоран Заев се кријат и молчат, целата јавност ги очекува одговорите зошто Ѕвонко Костовски потпишал спогодба со судот и го признал делото?
Дали на Ѕвонко Костовски, според Катица Јанева му се лежело во затвор или истиот бил соочен со бројни докази и заради тоа признал и се спогодил за пониска казна?
Дали скајп комуникацијата меѓу обвинетите во случајот „Пуч“ е измислена или е обезбедена во рамки на истрагата и ги потврдува нивните мотиви?
Овие прашања за жал остануваат неодговорени од страна на Заев и Катица, а целата јавност го знае одговорот.
Почитувани,
Единствената причина заради која што Катица Јанева ја донесе одлуката за повлекување од предметот „Пуч“ е да ги заштити обвинетите за криминал, но и нарачателите. Единствената причина заради која што Катица Јанева се повлекува од предметот „Пуч“ е за да го покрие чадорот и неговите истурени играчи на терен, верувајќи во неговата бескрајна моќ да ја заштити и неа и нив во иднина.
Зоран Заев повторно беше фатен во криминал, а Катица Јанева наместо да го гони се стави во негова заштита.
Наместо да одговори на овие прашања, Катица Јанева само потврдува дека сите нејзини досегашни активности се насочени во заштита на криминалот на Зоран Заев и политичко оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ. Денешното отворање на новите истраги се уште една партиска нарачка и продолжување на непрофесионалното, политичко постапување на СЈО.
Ова е уште еден дефокус на Катица Јанева од срамната одлука за повлекување од предметот „Пуч“. Катица Јанева го загуби професионалниот кредибилитет во замена за улогата на политички инструмент на Зоран Заев.Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Го нема ниту Зоран Заев, да побара преиспи

Пронајдете не на следниве мрежи: