Министерството за образование и наука објави тендер за избор на градежна компанија која ќе изврши реконструкција на кровот на училиштето во Волково, објави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на социјалната мрежа Фејсбук.-Се работи за инвестиција која ја бевме ветиле при една неодамнешна посета на општина Ѓорче Петров и на ова населено место, заедно со тогашниот претседател на Владата Никола Груевски, со што значително ќе се подобрат условите за следење на наставата за околу 400 ученици. Прибирањето на понудите трае до 29 март, по што, ќе следи евалуација и избор на најповолната. Согласно очекувањата, градежните активности ќе започнат кон крајот на месец јуни, односно по завршување на тековната учебна година. Дадовме збор и ќе го исполниме ветеното, пишува Ристовски на Фејсбук.
-Се работи за инвестиција која ја бевме ветиле при една неодамнешна посета на општина Ѓорче Петров и на ова населено место, заедно со тогашниот пре